Новата учебна година носи голем број дилеми и промени кои се нови за децата, но и за наставниците и родителите. Не треба да ја заборавиме најважната цел, а тоа е детето да оствари успех и да ги искористи промените на најдобар можен начин.

Тргнувањето на училиште е сè поблиску, па родителите, особено сега во услови на пандемија, се преполни со различни информации во врска со начинот на образование. Со различни можности – од секојдневно одење во училишните клупи, па до учењето дома, постојат голем број прашања и дилеми. Во вакви околности многу е важно и родителите и децата да бидат оптимистични, креативни и заинтересирани.

Сè што се случува е ново за сите, затоа е важно да се потрудиме, покрај сè, да не ги занемариме оние главни цели на училиштето – учење и знаење.

Трите работи на кои треба да обрнете внимание оваа учебна година:

Квалитетното учење е многу поважно од квантитетот

Откако се навикнавме на редовно учење во училиштата, сега се менува и начинот, но и околината во која децата учат. Оваа учебна година ќе бара повеќе индивидуална работа и самостојност. Ова е одлична можност децата да добијат многу поважна и поактивна улога во учењето. Поддржете ги во тоа. Помогнете им повеќе да се посветат и поквалитетно и попродуктивно да работат.

Бидете со отворен ум во врска со новиот начин на образование

Без разлика дали се работи за деца од претшколска возраст или основци, оваа година носи многу промени. Ќе биде потребно приспособување и навикнување на нови услови. Многу родители сакаат да ги штитат своите деца од предизвици, меѓутоа, подобро е да се биде оптимистичен и да му се помогне на детето најдобро да се адаптира и да прифати нови, различни искуства.

Следете ги интересите на детето

Можеби е најважно оваа година да се надевате дека детето само ќе постигне успех во овие нови услови. Поттикнете го и инспирирајте го да проба нови работи и дајте му шанса да се покаже. Иако сè е различно, необично и ново, можеби баш таа промена ќе биде шанса за вашето дете да се покаже во најдобро светло.

Извор



912

X