Колку и да го сакате вашето дете и да уживате да бидете родител, има денови кога обврските ве обземаат и се чувствувате како да се разочарувате себеси. Без разлика на која возраст е вашето дете, доаѓа ден кога ќе помислите „Мразам што сум родител“ затоа што не знаете како да се справите со одредени ситуации.

Не очајувајте и не мислите дека сте лош родител поради ова – факт е дека улогата на родител има лоши, тешки страни, но тие не го анулираат сето добро што го носи оваа улога. Наместо да очајувате, прочитајте ги трите совети на психотерапевтот Зои Шо, кои ќе ви помогнат да ја пребродите оваа „криза“.

Застанете и размислете за една работа што ја сакате

Кога ги имате тие лоши денови, кога едноставно сакате да се откажете, направете пауза, вдишете длабоко, намалете го темпото и обидете се да наведете една работа што ја сакате кај вашите деца во тој момент.

Погледнете во себе

Психотерапевтот вели дека кога сме разочарани, најчесто не сме разочарани поради децата, туку поради самите нас. Различните работи што малечките ги прават се рефлектираат на родителите, кои потоа се чувствуваат разочарани поради тоа и го доживуваат како неуспех обидот да го направат детето продуктивен член на општеството.

-Покрај тоа, ние сме исплашени. Понекогаш му велам на мојот тинејџер: „Не сум разочарана од тебе. Ти си одличен. Разочарана сум од себе“ – вели терапевтот, додавајќи дека не треба тоа да го применувате со мало дете затоа што нема да разбере.

Прифатете ги дупките во вашата мрежа

-Не мора да бидете совршени, доволно добри родители создаваат одлични млади луѓе, вели психотерапевтот и советува родителството да се сфаќа како мрежа и да се има предвид дека секоја мрежа се состои и од дупки.

-Дури и најдобрите родители ненамерно им нанесуваат некои „емотивни дупки“ на своите деца затоа што сите ние сме само луѓе. Тие дупки им даваат можност на нашите деца да станат посилни, што е неопходно за да бидат функционални возрасни луѓе. Мрежата без дупки не е функционална, што значи дека има и нешто добро дури и во нашите грешки, бидејќи сите ги правиме и нашите деца растат со нив – вели таа.

Извор



912

X