Воспитување

Совети за полесно да ги заспиете вашите близнаци

Ако сте родител кој е нов во однос на имањето деца близнаци, веројатно си мислите дека никогаш повеќе нема солидно да спиете. Но, со малку тренинг, вашите деца ќе може да развијат здрави навики за спиење. Како професионална дадилка со повеќе од 15 години искуство и работење во семејства со повеќе деца, им помогнав на многу новороденчиња и нивните родители да го добијат потребниот сон. Ова се моите 5 најдобри совети.

Знајте колку сон им е потребен на бебињата

Новороденчињата може да спијат 15-18 часа на ден или повеќе. Бебињата родени прерано може да спијат повеќе. Многу родители не очекуваат нивните бебиња да спијат и, за жал, децата им ги исполнуваат тие очекувања. Очекувајте бебињата да спијат и ќе бидете изненадени колку всушност можат да спијат.

Воспоставете рутина

Додека дебатата околу хранењето на барање или според распоред можеби никогаш нема да се разреши, за мајките на близнаци, воспоставувањето распоред и рутина е од есенцијално значење. Со две бебиња, ако чекате бебињата да побараат храна, цел ден ќе се занимавате со тоа. Затоа направете циклус од будење, јадење, спиење, на секои 3 часа (можеби и на 2 ако доите).

Повивање

Многу нови мајки ми рекле дека нивните близнаци не сакаат да бидат повиени. Ова е така затоа што тоа не е сторено соодветно. Ако не сте запознаени со техниките на повивање, користете различни видови ќебенца соодветни за бебиња на таа возраст.

Користете звуци во заднина

Новородените близнаци се навикнати да бидат опколени со звуци. Уште од утробата, па сè до раѓањето, тие се навикнати на постојан звук. Користете фен или друга машина со бел звук за да креирате константен проток на заднински звук. Потоа ќе забележите дека спиењето драматично ќе се зголеми.

Ставете ги бебињата да спијат додека сè уште се будни

Избегнете го искушението да ги нишате бебињата за да заспијат. Наместо тоа, кога ќе ви изгледаат поспани, ставете ги во креветчињата за да можат да потонат во сон самите. Ваквиот начин е најдобар за да им помогнете да научат сами да се заспиваат. Ако сметате дека ноќното спиење е минато за вас, не грижете се. Здравите бебиња, како што се развиваат, почнуваат да спијат и по 6 или повеќе часа во текот на ноќта.

Автор: Мишел Ларов

Извор

Поврзани написи

To top