Освен што овозможува хранлива вредност, доењето исто така ја промовира и ја зајакнува уникатната емоционална врска помеѓу мајката и бебето, што е неопходно за менталниот раст на детето. Сепак, доењето може да биде потешко, особено ако првпат сте мајка. И природно е да имате многу прашања за тоа.

За да им помогне на новите мајки да уживаат во доењето, веб-страницата „Брајтсајд“ им нуди лесен водич за тоа кои трикови навистина функционираат.

1. Топлите гради испуштаат повеќе млеко

Масирањето на градите со топла влажна крпа или туширањето со топла вода пред доењето може да резултира со поголемо производство на млеко, а може да помогне и во спречувањето на блокираните канали.

2. Користете накит за следење на доењето

Некои мајки претпочитаат да дојат од една града, додека други да дојат од двете гради. Без оглед на тоа што претпочитате, важно е да запомните на која дојка последен пат сте го ставиле бебето. Лесен трик е да ставите прстен на прстот на левата рака ако последно сте го доеле од левата града и обратно.

3. Поттикнување на лактацијата

Може да користите различни производи за поттикнување на лактацијата. Постојат различни чаеви и некои видови храна, меѓутоа, добро би било пред да ги пробате да се консултирате со лекар.

4. Складирајте го млекото во садови за коцки мраз

Замрзнувањето на измолзеното млеко во садови за коцки мраз е лесен и економичен начин. Откако ќе го замрзнете млекото во форма на коцки, можете да го чувате во обични кеси за замрзнување.

5. Пијте многу вода

Мајчиното млеко е околу 90 отсто вода. Затоа е исклучително важно доилките да пијат доволно вода за да бидат здрави и хидрирани. Исто така, помага во одржувањето и зголемувањето на лактацијата. Се препорачува мајките што дојат да пијат околу 12 чаши вода дневно.

6. Направете сладолед од вашето млеко

Замрзнувањето на измолзеното мајчино млеко е одличен начин за намалување на болката на вашето бебе кога вади заби. Ако вашето бебе веќе почнало да јаде цврста храна, тогаш можете да додадете овошје како банана, јаболко, авокадо или круша на млекото што го замрзнувате.

7. Користете листови од зелка кога го одбивате бебето

Иако е емотивно тешко, секоја мајка мора да престане да го дои своето бебе. Поставувањето лист од зелка над вашите гради ќе ви помогне во намалувањето на млекото. Зелката лачи ензими што помагаат во процесот.



912

X