Здравје

Совети од педијатар за нега на попокот на бебето

Во првите неколку дена по излегувањето од породилиштето, грижата за папокот ја врши патронажната сестра, а потоа тоа можат да го прават родителите…

Како изгледа грижата за папокот на новороденчето?

-Папочниот трупец мора да биде сув и чист. Најважно е да почекате да падне сам, што најчесто се случува од 15 до 20 дена по раѓањето на детето.
-Никогаш не треба да се влече сосила, туку треба сам да падне.
Не смее да дојде во контакт со урината и не треба да биде влажен. Влажната и топла средина е погодна за размножување на бактерии и ширење на инфекција околу папокот.
-Папочната рана треба секојдневно да се третира и чисти со јод или октенисепт, да се менуваат стерилни гази за папокот да остане чист и сув.

Во првите денови тоа го прави медицинската сестра, а подоцна и самите родители. Кога ќе падне трупецот од папокот, секојдневната нега на папокот продолжува додека не се исуши целосно.

Погледнете како изгледа грижата и третманот на папочниот трупец:

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top