Процесот на одвикнување од цуцлата не е воопшто едноставен и за детето и за неговите родители. Како што објаснуваат психолозите, постојат одредени совети кои треба барем малку да го олеснат одвикнувањето од цуцлата, а еве за кои совети се работи.
Постепено намалувајте ја употребата на цуцлата
Еден од најдобрите начини за одвикнување на цуцлата е постепено да го скратувате времето на давање цуцла на детето, додека тоа самото не се одвикне и престане да ја бара. Како што објаснуваат експертите, тоа е многу подобра опција отколку наеднаш да му ја земете цуцлата на детето бидејќи му дава време да се навикне.
Бидете искрени
На родителите им се советува да бидат целосно искрени и отворени во комуникацијата со своето дете во врска со одземањето на цуцлата. Психолозите велат дека на детето треба да му се објасни дека веќе нема потреба од цуцлата, да му кажете зошто и да не заобиколувате.

Престанете да ја нудите цуцлата
Во процесот на одвикнување од цуцлата голема улога имаат и родителите, кои понекогаш знаат да се откажат и да му ја понудат цуцлата на детето кога ништо друго не функционира или кога ќе видат дека е вознемирено и не може да се смири. Експертите советуваат да се избегнува овој пристап бидејќи самото одвикнување ќе биде многу потешко.
Намалете го бројот на цуцли дома
Наместо вашето дете да има неколку цуцли, како родители треба да го ограничите на една. Така, откако ќе ја изгуби, тоа ќе значи крај на нејзината употреба.