Децата се природно љубопитни и сакаат да знаат сè за светот околу нив. Важно е да им се даде можност да бидат љубопитни и да ја истражуваат својата околина затоа што така го поттикнувате нивниот развој и благосостојба. Љубопитните деца имаат поголема веројатност да учат и да запомнат информации, да останат ангажирани и подобро да работат на училиште.
Во продолжение ви нудиме неколку совети за поттикнување, развивање и негување на детската љубопитност.
Покажете им го светот
Патувајте, одете на кампување, посетувајте музеи, запознајте ги со други култури.
Поминувајте време заедно како семејство
Одете на прошетка, заедно направете торта или одете во парк или зоолошка градина.
Охрабрете ги пријателите и семејството да даваат искуства наместо подароци
Децата се сеќаваат на искуствата, возбудата што ја чувствувале додека планирале и среќата што дошла потоа. Спомените можат да траат цел живот.
Поставувајте прашања наглас
Прашајте гласно: „Се прашувам зошто лисјата на дрвјата се зелени?“
Стимулирајте интерес
Доколку децата се заинтересирани за некоја активност, дајте им можност да ја направат.
Поставувајте отворени прашања
Користете зборови како кој, што, кога, каде, зошто и како.
Оставете ги децата да бидат деца
Неструктурираната игра е одличен начин да се поттикне и развие детската љубопитност и чувство за откривање.
Кога им дозволувате на вашите деца да бидат љубопитни и да истражуваат, ги учите на самодоверба и самопочит. Исто така, им го покажувате светот и ги учите на важноста на искуството над материјалното. Истражувајте со вашите деца, излезете надвор и откријте нешто плус за светот околу вас. Љубопитноста секогаш ќе ги отвори вратите и ќе води по нови и возбудливи патеки полни со авантури и учење.
912