Летиција (82) е пензионерка од Рим, поранешен професор по историја на уметност.
„Потребно ви е повеќе време да поминете во природа, одете во јавниот парк во населбата Монтеверде, посетете ја вилата Памфили, потоа вилата и паркот Борхезе. Оставете ги вашите мисли да талкаат, пуштете ја вашата фантазија на дело бидејќи постои тесна врска помеѓу мечтаењето и креативноста.
Шетајте колку што можете повеќе и никогаш не одете по истиот пат, секогаш одете по различни патишта. Ова важи и за одењето од дома до автобуската станица. Менувањето на местото на живеење е пријатно, новите мириси, вкусови влијаат врз нашата фантазија и затоа треба да го најдете детето во себе, „нерасипано“ и добро и тогаш можете да кажете дека сте го исполниле денот.
Да не заборавам, она што би можела да го препорачам е – Галеријата на современа уметност, секој треба да оди таму и да види како размислуваат младите денес. Треба да ги разберете младите луѓе, нивните желби и потреби. Тие не треба да се воздржуваат, да се осудуваат, да се сметаат за помалку вредни, туку треба да се разберат во модерното време. Сите што ги критикуваат, покажуваат дека ништо не разбираат и дека времето поминало покрај нив. Времињата се менуваат. Кога бев млада, се зборуваше дека сме декаденти, дека ништо добро нема да излезе од нас. Такви луѓе живееја во минатото.

Уметничкиот израз денес е поинаков. Младите се попаметни од нас, подобро знаат што им треба, ја разбираат сегашноста.
Целиот мој работен век работев со млади уметници и мојата мисија беше да ја поттикнам нивната имагинација и да ја насочувам, но не и да ја менувам.
Автор: Маја Роган