Не е мала работа кога некој ќе те пријави во Центарот за социјални работи поради сомневање дека злоупотребуваш дете. Секој родител знае дека ова не е шега. Меѓутоа, децата понекогаш не се свесни дека тоа што го кажуваат може да има вистински последици, кои воопшто не се пријатни за родителите.

Така комичарот Кејлеб Херон во својот поткаст раскажува како вработен во Центар за социјални работи заѕвонил на вратата на неговите родители откако на училиште рекол дека мајка му го злоупотребува. Злоупотребата била – одземање на неговиот плејстејшн. Имено, неговата мајка Кели Херон гостувала во неговото шоу, па заедно ја раскажале својата страна од таа приказна, на која сега можат да се смеат, но тогаш не било воопшто смешно.

-Значи, јас му го зедов плејстејшнот на една недела, а тој отиде на училиште и му рече на училишниот советник да се јави во Центарот за социјални услуги за да им каже дека го малтретирам – објаснила Кели.

-Да, таа ми го зеде плејстејшнот и јас заминав на училиште и реков: „Мама ме злоупотребува“ – потврдил Кејлеб.

Она што веројатно започнало како едноставно недоразбирање со дете кое не го сфаќало значењето на злоупотребата или сериозноста на неговите тврдења, отишло премногу далеку.

-Се јавија во Центарот и испратија некого да дојде во училиштето – истакнал Кејлеб.

-Потоа имавме домашни посети – продолжила мајката и раскажала како плејстејшнот не бил единствениот проблем. Имено, за време на разговорите и посетите вработените во центарот ги прашале Кејлеб и неговиот брат за храната што ја добиваат и нивниот одговор бил дека мајка им не ги храни постојано, односно дека тие сакале почесто да одат во „Мекдоналдс“, па така го формулирале одговорот…

Кејлеб потоа го раскажал моментот кога сфатил дека направил огромна грешка.

-Дојдоа и нѐ ставија во конференциска сала, а некој владин терапевт дојде и рече: „Ако мајка ти те тепа, можеш да ни кажеш“. И во тој момент сфатив дека ја згрешив работата.

Но, никој не би бил среќен да биде во чевлите на оваа мајка, ниту пак во кожата на Кејлеб, но за среќа, сѐ завршило добро.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор



912

X