Игротека

Сопруг и татко на две деца порачува: По породувањето никако немојте да им ги кажувате овие работи на жените!

Некои мажи умеат на разни начини да го коментираат изгледот на својата партнерка по породувањето. Некои од тие критики воопшто не им се пријатни на мајките. Сопругот и татко на две деца Бред Ортлер не е еден од таквите критичари. На веб-страницата „Fatherly“ тој напиша колумна со која ги опоменува сите мажи и ги советува што никако не смеат да им кажат на своите партнерки.

– Што ѝ реков на мојата жена во врска со тоа дека нејзиното тело се промени по породувањето? Апсолутно ништо. Познато е дека бременоста не се случува сама од себе, така што јас сум директно одговорен за промените што се случиле. Со други зборови, го добив точно тоа што го барав.

Кога рековте: „Ајде да имаме дете“, можеби сте го замислувале вашиот наследник како прв чекори на Марс и пронаоѓа лек за рак. Но, исто така рековте: „Драга, сакам да го носиш моето дете девет месеци. Тој процес драматично ќе го промени нивото на твоите невротрансмитери и ќе доведе до трајни промени на твојот начин на размислување и личност, а да не зборуваме за трајните промени на твоето тело. Исто така, ќе го доиш бебето и ќе се здебелиш – напиша таткото.

А потоа го сподели личното искуство и искуството на неговата жена:

– Секако, колку повеќе бремености жената мора да издржи, толку се потешки работите. Ние имаме две деца, но мојата жена беше бремена четири пати. Тоа се вкупно 26 месеци, две години мачнини и чудни потреби, последици од доењето и лузни од царскиот рез.

Да разјасниме нешто. Да, телото на мојата жена се промени по раѓањето, и што? По ѓаволите со тие промени, таа е иста огнена црвенокоса каква што отсекогаш била. И моето тело се промени.

Кога се венчавме, имав 27 години. Кревав тегови, трчав и денес го имам оној сензибилитет на борач што некогаш бев. Единственото што денес го кревам е мојата ќерка кога во дневната си играме „авион“. Моето трчање се сведува на бркање на нашиот тригодишен син додека се преправам дека сум чудовиште од цртаните. Најголемиот противник со кој денес се борам е одлуката дали ќе изедам три или четири парчиња пица кога ќе нарачаме.

Самата идеја за осудување на телото на мојата жена е толку одбивна, себична и кратковидна.

Секој збор од овој татко има неверојатна тежина, па таков е и неговиот совет на крајот од колумната.

– Размислете за работите на ваков начин. Ако еден од вашите пријатели со кој играте фудбал со месеци бил на боледување, се здебелил и на крај имал ризична операција на стомакот, гарантирам дека никогаш не би помислиле за неговите стомачни, лузни или слаби мускули. Би му честитале и би му рекле: „Фраеру, преживеа!“ Разликата меѓу ова сценарио и бременоста е тоа што вашата партнерка, над сето тоа, чудесно на свет донесе човечко суштество.

И тоа не какво било суштество – тоа суштество е вашето дете. И тоа дете е дел од вашето семејство. Го сакам телото на мојата жена по породувањето бидејќи секојпат кога ќе го погледнам, во него го гледам моето семејство, а моето семејство е она за кое вреди да се живее секој ден.

А затоа што, без оглед на моите грешки, таа и понатаму сака да води љубов со мене.

 

Поврзани написи

To top