Во текот на целата бременост, а особено во лето, ве следат многубројни совети и дилеми за тоа што можете, а што не можете да правите. Гинекологот Ула Мартон ги разбива најчестите митови кои ги придружуваат летните трудници.
Митови и вистини
МИТ – Сончањето е опасно
Едно од „народните“ верувања вели дека на трудниците постојано им е жешко и дека сончањето може да ги прегрее желудникот и бебето, па најдобро е трудницата воопшто да не излегува на сонце.
СОВЕТ – Умерено сончање пред 11 часот и по 17 часот може само да ви користи, а детето во утробата е заштитено од прегревање. Најважно е да пиете доволно вода и да нанесете крем за сончање
МИТ – Избегнувајте го морето
Морето е премногу студено, па трудницата може да доживее шок при пливање. Затоа, подобро е да се плива во базен – ова е препораката која често ја слушаат многу трудници.
СОВЕТ – Пливањето во море е одлична физичка активност за трудницата, а освен тоа, во базен постои закана од габични и бактериски инфекции на кои сме повеќе склони во текот на бременоста.
МИТ – Мокриот костим за капење е во ред
На топло костимот за капење брзо се суши и нема потреба да се пресоблекувате веднаш штом ќе излезете од морето. На плажа треба да ги покриете нозете со крпа за да не ви „излезат“ вените – ова е совет кој сѐ уште се слуша.
СОВЕТ – Секогаш треба да го пресоблечете мокриот костим за капење за да спречите инфекции на мочниот меур. И токму спротивното, никогаш не треба да ги покривате нозете на сонце затоа што вените токму тогаш ќе се појават.

МИТ – Солено или слатко
Еден од митовите што една трудница ги слуша во секое годишно време е дека ако има желба за слатко, носи девојче, а ако ѝ мириса на солено, носи момче. И дека бебето ќе има некоја дамка ако мајката посака некоја храна.
СОВЕТ – Тоа што мајката јаде во бременоста нема апсолутно никаква врска со полот на бебето, но може лошо да влијае врз здравјето. Во овие топли денови треба да јадете лубеници, бобинки и зелен зеленчук.
Автор: Сандра Крстановиќ