Воспитување

Со топка му ја скршиле светилката во дворот и тоа ја прелеало чашата

Питер Чен решил да испрати очајничка порака до своите соседи откако нивните деца по стоти пат шутнале топка во неговиот двор и скршиле една од надворешните светилки.

„Децата на соседите постојано фрлаат предмети преку оградата. Топки, играчки, автомобилчиња, чевли, шишиња, клучеви. Денеска ми фрлија топка и го скршија страничното светло“, напишал тој на „Твитер“ и открил дека тоа била капката што ја прелеала чашата. Затоа решил да одговори со љубезна порака која ја залепил за топката.

„Здраво, само да ве известам дека оваа топка ми ја скрши светилката. Ако можете, ве молам, известете ги децата дека ова е последен пат да ја враќам топката. Би го ценел тоа, ви благодарам. Питер (од соседната куќа)“ – пишувало во пораката.

Корисниците на „Твитер“ го пофалиле мирниот пристап на Питер, при што еден корисник признал: „Ова е многу поубава порака отколку што би била мојата“.

Питер подоцна додал оти соседите го повикале и дека нивното оправдување е тоа што на нивното дете штотуку му бил дијагностициран АДХД (дефицит на внимание и хиперактивност).

„Би сакал да сочувствувам, но како дете имав екстремен АДХД и сепак ги знаев границите. Така, бидејќи и самиот имам АДХД, помалку сочувствувам“, рекол тој.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top