Секој ден, од денеска до 8 ноември, во периодот од 12 до 18 часот во читалницата ќе бидат изложени сите производи, а ќе има можност и да се купат
Со „Светот на Биби“ беа отворени Деновите на книгата во Центар, во читалницата „Славко Јаневски“ во Скопје.
Денес посетители беа учениците од Основното училиште „Коле Неделковски“, а нè посети и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.
Секој ден, од денеска до 8 ноември, во периодот од 12 до 18 часот во читалницата ќе бидат изложени сите производи, а ќе има можност и да се купат.
Ќе ги промовираме „Книга на знаења“ и „Моите омилени места“ на авторката Билјана Црвенковска. За илустрациите се погрижи Михајло Димитриевски – Тхе Мичо. Децата може да ја играат нашата „Игра на знаења“, а најдобрите ќе добијат награди. Проф. д-р Кирил Барбареев ќе ја промовира образовната програма „Бибиверзум“, а илустраторката Маја Џеповска ќе реализира две работилници наменети за деца од 5 до 7 години.
Авторката на изданијата на „Светот на Биби“, Билјана Црвенковска, ќе одржи работилница за креативно пишување. На манифестацијата, која Општината Центар првпат ја одржува, ќе учествуваат и издавачките куќи „Полица“ и „Магор“.
Фото: Борче Поповски
912