Игротека

Со прегратка ги пречекува братчињата од училиште

Ова 18-месечно девојче ги пречекува своите поголеми братчиња на најскапоцениот можен начин.

Малата Емелија Мудамал е најмладото дете во семејството Мудамал. Откако го помина поголемиот дел од нејзиниот живот во ковид-пандемијата, таа се навикна на постојаното друштво на нејзините тројца постари браќа: 10-годишниот Лијам, 8-годишниот Леви и 6-годишниот Лукас.

Но, со оглед на тоа што оваа учебна година во Шарлот, Северна Каролина, е со физичко присуство, нејзините браќа одат на училиште, а Емелија останува дома со нејзините родители.

– Таа претходно беше научена на нивното друштво, па ова е првпат да не се дома со неа. Кога се буди од попладневната дремка, секогаш прашува: „Каде се моите браќа?“ – раскажува мајката Британи Мудамал.

На видеото објавено неодамна Мудамал ја сними симпатичната средба на нејзините деца. Оттогаш видеото стана вирално. Видеото ги прикажува Лијам, Леви и Лукас на едната страна и Еми од другата страна како трчаат да се сретнат. На крајот, момчињата ги спуштаат чантите и заедно ја гушкаат нивната помала сестра.

Watch on TikTok

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top