Неколку образовни организации преку онлајн петиција бараат да се задржи статусот на географијата како посебен предмет во училиштата.

– Географијата е спој помеѓу природните и социо-економските карактеристики на просторот. Со Концепцијата овие две нишки целосно се одвојуваат и вештачки се спојуваат со други предмети, што ќе доведе до несогледливи последици, како за учениците така и за наставниците – стои во петицијата.

Овој месец Бирото за развој на образованието го објави наставниот план за шесто одделение, каде што може да се види дека од следната учебна година шестоодделенците ќе ги учат географијата, биологијата, хемијата и физиката во еден предмет наречен природни науки, а историјата воопшто ја нема како предмет.

Иницијативата за задржување на географијата како посебен предмет била доставена до МОН, БРО и претседателот на државата.

ЛИНК до петицијата.



912

X