Воспитување

Со новогодишен хуманитарен базар во организација на „Златно перо“ се собира помош за сиромашни семејства

Сите дечиња имаат право за Нова година да бидат среќни и да добијат подарок од Дедо Мраз. Па оваа година имаме можност да бидеме вистински Дедо Мразовци за дечињата од социјално загрозени семејства. Ајде заедно, 21 декември од 10 до 18 часот, да ја претвориме Битола во најубава новогодишна бајка, порачуваат од здружението „Златно перо“, кое организира хуманитарен предновогодишен базар за деца од социјално ранливи семејства.

Здружението досега обезбедило новогодишни пакетчиња за 50 семејства, топли постелнини, исто така, за 50 семејства, а по завршување на базарот сака да обезбеди пакети со храна за повеќе од 100 семејства.

Јулијана Наумовска

– Во летна бавча-хотел „Епинал“ на 21 декември со почеток во 13 часот ве покануваме на тркалезна маса на тема: „Сиромаштија, фрлање храна, банкарство со храна“. Го организираме како дел од неформалната мрежа банка за храна, а тркалезната маса е во рамките на хуманитарниот новогодишен базар. Нашата мисија, визија и крајна цел е јакнење на ентузијазмот на младите како движечка сила во едно општество. Здружението има издадено повеќе од 30 книги за деца и млади, а особено сме горди на својот последен проект сликовница-боенка „Принцезата Стоја“, чиј автор е Олга Наумовска, докажан писател за деца, добитник на многу награди и признанија за придонес во современата македонска литература. Илустрацијата ја правеше нашата најмлада членка, 10-годишната Јана Танчевска, која е добитник на награда во Индија во конкуренција од 40.000 цртежи – вели Јулијана Наумовска од „Златно перо“.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top