Игротека

Смеј се додека стомакот не те заболи! Задача за распустот за ученици во БиХ

Учителка од Калесија, општина во Босна и Херцеговина, за летниот распуст им подготвила на учениците 23 необични задачи што би требало да ги завршат пред повторната средба со неа. А и на возрасните, доколку би прифатиле барем дел од листата, летото би им било поисполнето, поквалитетно и поубаво.

„Не учиме за оценки, туку за живот“, им порачала учителката Селма Хасановиќ-Мешиќ, која се погрижила нејзините ученици да имаат дополнителни обврски во периодот кога нема да се дружат со неа. Им напоменала дека мора да се придржуваат до листата со задачи, а таа брзо стана вирална на „Твитер“.
Прочитајте што сè има на листата:

1. Гледај барем едно изгрејсонце.
2. Научи да играш некоја нова друштвена игра.
3. Остани во контакт со некој од твоите другари од одделението.
4. Немој да фрлаш ѓубре на под.
5. Направи си белезица или ѓердан.
6. Една вечер подоцна оди на спиење.
7. Капи се во базен.
8. Посети некој град или село што не го познаваш.
9. Гледај ги облаците.
10. Стекни барем еден нов пријател.
11. Вози велосипед.
12. Оди бос по трева.
13. Прочитај барем 2 книги и некој стрип.
14. Напиши една приказна.
15. Вежбај математика.
16. Обој и украси камчиња.
17. Научи да правиш барем едно јадење со некој возрасен.
18. Кога и да ти е досадно – читај.
19. Посети библиотека.
20. Изгледај барем еден филм заедно со семејството.
21. Прифати барем две обврски во домот.
22. Кажи му некому дека ти е драг.
23. Смеј се додека стомакот и образите не те заболат.

„Само напред и бори се еден ден да станеш тоа што сакаш“, подвлекува учителката!

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top