Здравје

Смеат ли децата помали од 2 години да пијат сируп против кашлица?

Светската здравствена организација неодамна издаде предупредување за четири вида сируп против кашлица произведени од индиска компанија по смртта на 66 деца во Гамбија.

„Лабораториските анализи на примероците од секој од четирите производи потврдуваат дека содржат недозволени количини на диетилен гликол и етилен гликол. До денес, овие четири производи се пронајдени во Гамбија, но можеби се дистрибуирани, преку неформални пазари, во други земји или региони“, се вели во соопштението.

Како што наведуваат, било утврдено дека примероците што ги тестирала Светската здравствена организација содржат диетилен гликол или етилен гликол – токсични органски растворувачи кои најчесто ги има во индустриските и домашните препарати. Тие можат да предизвикаат сериозни несакани ефекти, вклучувајќи абдоминална болка, повраќање, дијареја, неможност за мокрење, алтернативна ментална состојба и акутна бубрежна повреда.

„Овие производи кои се наоѓаат во сирупите не се безбедни и нивната употреба, особено кај малите деца, може да резултира со сериозни здравствени последици, па дури и смрт“, објаснуваат експертите кои ја направиле гореспоменатата анализа. Но, дали сирупите за кашлица се безбедни за децата?

Педијатрите не ги препорачуваат

„Сирупите против кашлица, особено оние што се издаваат без рецепт, не треба да им се даваат на децата, особено на помали од две години. Тоа е така затоа што тие можат да предизвикаат сериозни несакани ефекти и во мојата кариера сум видел случаи кога децата морале да бидат хоспитализирани поради сериозни компликации предизвикани од земање сируп за кашлица. Затоа, тие треба целосно да се избегнуваат“, објаснува педијатарот Мина Џајарам.

Со неа се согласува и педијатарот Рањет Гулијани, кој нагласува дека повеќето сирупи за кашлица содржат одредени хемикалии кои се опасни за деца под две години.

Според експертите, сирупите за кашлица треба да се избегнуваат бидејќи може да имаат благи до сериозни несакани ефекти кај децата.

„Често се појавуваат поблаги несакани ефекти, како прекумерна поспаност, немир, ниско ниво на шеќер или електролитен дисбаланс во крвта. Но, може да има и сериозни несакани ефекти кога сирупите за кашлица може да доведат до епилептични напади, оштетување на бубрезите, па дури и откажување на органите“, предупредува педијатарот Џајрам.

Дали се безбедни за деца над две години?

Иако сирупите за кашлица треба целосно да се избегнуваат кај деца на возраст под две години, тие треба внимателно да им се даваат и на постарите деца, велат експертите.

„Над две години, тие се релативно побезбедни ако се даваат во правилните и пропишани дози. Зависи и за каква формулација се работи. Имено, поради својот состав, не сите сирупи имаат исти несакани ефекти кај постарите деца. Во овој случај, секогаш е потребно да се консултирате со лекар, кој ќе утврди дали е дозволено да се дава лекот или не, а можеби ќе препорача алтернатива“, објаснува педијатарот Гулијани.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top