Стотици деца секојдневно одат на часови во рушевини од училишта во Јемен, во близина на првата линија од фронтот. Додека трае војната помеѓу владата и бунтовниците, 9-годишниот Ахмед оди на настава во градот Таиз. Слеп е од раѓање, но ги зема работите во свои раце кога наставниците – кои не примаат плата – не можат да одржат час.

Според податоците на УНИЦЕФ, 1 од 5 училишта во Јемен не работи. Но, во ова, иако е во рушевини, наставниците и понатаму држат часови.

– На учениците им предавам лекции што веќе ги знам. Најлесно ми е да предавам за Куранот и за наука. Сакаме ново училиште, столови, врати, прозорци, табли, светла и батерии. Најважно е тие да работат. Сакаме да се реновира горниот кат, да се стават врати за да нè штитат од ветер и сонце и прозорци за да не влегува дождот – вели Ахмед.

Училиштето било затворено во 2016 година, по окупацијата на бунтовниците. Повторно било отворено кога властите ги протерале. Звуци од војната сè уште се слушаат во училиштето.

– Секогаш го слушаме тој звук, секогаш. Кога е тишина, мислам дека умирам – вели Ахмед.

– Се плашиме од куршуми, се плашиме од мини. Опасно е кога доаѓаме и кога си одиме дома. Доаѓаме на училиште да учиме и да ги видиме другарчињата, да можеме да станеме лекари. Но за нас тоа секогаш е опасност. Сакаме војната да заврши, не можете никако да се опуштите за време на војна – вели една од ученичките.

Извор



912

X