Игротека

Следете што прави вашето дете на интернет

Морници ви лазат по грбот кога ќе видите што гледа вашиот шестгодишен син на интернет, додека сте се свртеле, сте отишле до тоалетот. Во меѓувреме, ќерката-тинејџерка среќава интересен соговорник на „Фејсбук“. Одушевена е од него…

Страшни кловнови со наострени заби и мачети во крвавите раце, слатки кадифени животни што се претвораат во хорор-аниматроници, трки со возила што газат зомби… Морници ви лазат по грбот кога ќе видите што гледа вашиот шестгодишен син на интернет, додека сте се свртеле, сте отишле до тоалетот. Во меѓувреме, ќерката-тинејџерка среќава интересен соговорник на „Фејсбук“. Одушевена е од него. Се договараат да се сретнат вечерта, а таа е сосема несвесна дека неговиот профил е забележан во списокот на сексуални престапници во МВР.
Правите секакви рестрикции на дигиталните уреди обидувајќи се да си ги заштитите децата, сепак не можете мирно да спиете, стравувајќи дека таа сепак ќе се сретне со него. Си велите, зошто воопшто приклучив интернет дома?!

Сепак, денес постојат и пософистицирани методи како да ги заштитите децата од несакани содржини во „мрежата“. Новата мултиплатформа Kaspersky Safe Kids ќе ви помогне да создадете нови безбедни начини преку кои и вашите деца ќе можат безгрижно да го истражуваат дигиталниот свет.

Платформата за безбедност што ја подготви Kaspersky овозможува набљудување и следење на комуникациите на децата, вклучувајќи ги и јавните активности на „Фејсбук“, повиците и СМС-пораките на андроидните уреди.

– Помага да се насочат децата, така што тие ќе имаат пристап до одредени типови на веб-страници, содржини и апликации соодветни за нивната возраст. Родителите имаат потврда за локацијата на која се наоѓа детето, која се покажува на мапа, во реално време. Ако детето ја напушти физички безбедната зона што ја дефинира родителот, тој веднаш добива известување – објаснуваат од Кабтел.мк.

Со Kaspersky Safe Kids родителот може да управува со времето што детето го поминува на уредот. Му помага на детето при користење веб-страници и уреди, со што лесно го насочува како да управува со своето време.

Kaspersky Lab e основан во 1997 година како интернационална лабораторија за изработка на ИТ-безбедносен софтвер. Седиштето на Kaspersky Lab е во Москва, Русија.

ШТО ПРЕТСТАВУВА KASPERSKY SAFE KIDS?

Kaspersky Safe Kids претставува софтвер кој обезбедува онлајн-заштита на децата при користење мобилни уреди или компјутери.

Инсталирајќи го Kaspersky Safe Kids на мобилните уреди или компјутери на вашите деца, вие ќе можете:

  •  Да ги заштитите вашите деца од опасни и несоодветни информации на веб;
  • Да управувате со користењето апликации (дозволени/дозволени одредено време/ забранети);
  • Да го контролирате времето што вашето дете го поминува во користење мобилни уреди или компјутери;
  • Да ги следите објавите на „Фејсбук“ во кои е споменато вашето дете и да ги гледате измените во листата со неговите пријатели.
  • Да добивате известувања за локацијата на вашето дете, како и известувања кога детето ќе ја напушти дефинираната зона;
  • Да добивате статистички податоци за повици и пораки (достапно само на Андроид-уредите);
  • Да ги видите деталните извештаи за онлајн-активностите на вашето дете;

400 милиони корисници на глобално ниво!!!

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top