На темата доење често се „кршат копја“. И додека научно е докажано дека тоа е најдобриот можен избор за прехранување на бебето, многу жени – токму поради притисокот на јавноста околу тоа дека мора да се дои – чувствуваат голема фрустрација ако тоа не им тргне од рака. Иако се вели дека секоја жена може да дои, многумина во тој процес тргнале полни со ентузијазам и желба, а потоа околностите ги натерале да се откажат. Во земјите во кои породилното отсуство е многу пократко отколку во регионов, жените се присилени да се вратат на работа и по три месеци од раѓањето на бебето. А тогаш доењето е уште поголем предизвик!
Една од највпечатливите фотографии со доење на работно место е онаа на моделот Жизел Бундшен од 2013 година.
Доењето одзема многу време и енергија. Неретко мајките се чувствуваат како да се заробени во тој свет на хранење, менување пелени, спиење, грчеви… па технологијата дефинитивно им помага да останат во контакт со светот. Еве како Ешли Грахам го крати времето во постнаталната изолација.
Некои ќе речат дека тоа дефинитивно не е свесно доење, но е она што во моментов најдобро ѝ одговара на мајката – а тоа „терапевтско“ дејство, какво и да е, често е најважен сегмент.
– Вака изгледа феминистичка инфраструктура – таканаречени работни места кои ги поддржуваат жените, семејствата, децата и нивниот развој – напишала канадската актерка Катерина Скорсоне на својот инстаграм-профил во февруари 2020 година. Изразила надеж дека повеќето жени што сакаат да дојат и се самосвесни, имаат слобода да го прават тоа секаде каде што ќе се најдат, па и во работно опкружување, бидејќи доењето има низа здравствени придобивки и за мајката и за детето.
Хилари Даф признала дека поради доењето се чувствувала како „затвореник“ во сопствениот дом, без право на слободно време, бидејќи на бебето му е потребно целото време. Иако се одлучила за доење, се залага за правото на избор на мајката.
– Мојата цел беше да дојдеме до 6 месеци, па тогаш да одлучам дали сакам (или таа се разбира) да престанам со доење. Ми требаше пауза. Сакав да го прекинам доењето бидејќи имав малку млеко и постојано бев тажна и фрустрирана – раскажува оваа американска актерка и пејачка.
Кога нејзиниот син Џејмисон бил бебе, Пинк докажа дека доењето не подразбира седење дома и изолирање од светот. Со мала помош од носилка за бебе, Пинк ја завршила турата со пешачење додека нејзиниот син цицал.
View this post on Instagram
Hiking makes us thirsty! #happybaby #hotpocket #normalizebreastfeedingyo #arewethereyet
Ева Лонгорија има воодушевувачка кариера како актерка, продуцент и режисер, но „кариерата“ која дефинитивно најмногу ја исполнува е мајчинската. И затоа ништо што е врзано со нејзиниот син Сантијаго не ѝ е тешко. Така лани без проблем доеше на сетот од филмот „Гранд хотел“.
– Имав среќа да имам неверојатна екипа која го поддржа моето мајчинство, но и амбиции во кариерата! – вели актерката.