Воспитување

Славни татковци што одлично се снаоѓаат во родителството

Обичните луѓе сакаат да ѕирнат во секојдневието на познатите. Така ги доживуваат поблиски до себе, забележувајќи дека поминуваат низ исти животни ситуации. Оние што имаат деца се особено интересни за родителите, а особено внимание привлекуваат познатите татковци. „Брајтсајд“ рангира неколку татковци на листата со најдобри, поточно оние на кои се чини дека им оди многу добро во оваа улога.

Двејн Џонсон

Пензионираниот професионален борач и актер е особено симпатичен кон своите ќерки Симон, Јасмин Леа и Тијана и изгледа дека ужива да поминува време со нив. По неговите стапки тргна и неговата најстара ќерка, влегувајќи во светот на борењето, а тој силно ја поддржува во тоа.

Џејсон Момоа

Силен човек и Аквамен, Џејсон Момоа е исто така прекрасен татко на Накои-Волф и Лола Јолани. И покрај неговиот напорен распоред, тој ужива да ги носи децата на скејтборд, качување и стрелаштво и често зборува за тоа колку му се важни децата и како секогаш се труди да биде подобар татко.

Џеф Голдблум

Џеф Голдблум можеби е најстариот меѓу татковците на малите деца, но затоа е многу добар во воспоставувањето дневен распоред и вели дека нема проблем да ги подготви децата за спиење. Голдблум има два сина, Чарли Оушн и Ривер Џо.

Џон Леџенд

Американскиот пејач и филантроп е татко на ќерката Луна и синот Мајлс. Не само што постојано споделува фотографии на кои се гледа како поминува слатки моменти со децата, туку и со задоволство ги носи со себе на работа.

Рики Мартин

Латино поп-кралот Рики Мартин има 4 деца: ќерка и 3 сина со сопругот Џван Јосеф. Открил дека еднаш, кога синот го прашал дали излегол од неговиот стомак, тој одговорил дека му излегол од срцето и дека сè уште е таму. Децата му се омилени критичари, а татковството е пред сѐ, вели тој.

Рајан Филип

Иако Рајан Филип и Рис Витерспун се разведоа пред многу години, тој се погрижи неговата врска со синот Дикон и ќерката Ава да не страда поради тоа.

Вил Смит

Следејќи го патот на Вил Смит, неговите деца Треј, Џејден и Вилоу веќе стекнаа многу обожаватели. Но, тоа не значи дека имаат посебен третман. Актерот во неколку наврати ја истакна важноста на трудот и амбицијата што ги негува кај своите деца, а зборуваше и за некои од своите татковски грешки кои се обидел да ги поправи, покажувајќи дека секогаш сака да работи на себе за да биде подобар татко.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top