И покрај пандемијата на коронавирусот во светот, интернетот е полн со изненадувања – луѓето ги споделуваат активностите што ги прават дома за време на карантинот. Една од најсветлите работи што станаа вирални е случката споделена од музичарот, автор и наставник Брет Тарнер за неговата 5-годишна ќерка и нејзината пријателка, кои им делеле комплименти на случајните минувачи. Без грижа – девојчињата ја одржувале соодветната социјална дистанца од 2 метри!
Тарнер неодамна ја споделил оваа приказна на „Твитер“. Тоа го прави често, без разлика дали споделува мали секвенци од неговиот секојдневен живот или песни за деца. Но, последното е најслаткото нешто што тој го споделил со интернет-светот. Неговата 5-годишна ќерка и нејзината сосетка добиле неверојатна идеја за да го поминат времето во доделување комплименти на непознати. За да бидат слушнати, девојчињата гласно ги извикувале комплиментите. Седнале на тротоарот пред куќата на Тарнер и почнале со делењето комплименти.
My daughter and her neighbor friend spend a lot of the day sitting 6 feet away from the sidewalk, shouting compliments out at strangers who walk by. It’s the right mood for these times.
Just overheard: “YOUR SHIRT MATCHES YOUR DOG AND I LIKE THAT ABOUT YOU!”
— Bret Turner (@bretjturner) April 21, 2020
Бидејќи дечињата немаат „филтер“, тие извикувале сосема случајни, но пресмешни работи. За среќа, Тарнер освен што го документирал сето тоа, решил и да го сподели со светот. Ништо не можело да им помине на девојчињата.
Маицата ви е во иста боја како кучето? Комплимент.
Носите убави чевли! Очигледно, тоа предизвикува очите да ви сјаат.
Но, девојчињата не заборавиле и на себеси: Лицето на вашето куче е речиси исто слатко како моето кога бев бебе! – ова му го кажала ќерката на Тарнер на еден од минувачите.
Овие девојчиња се токму она што сега му е потребно на светот. Луѓето се воодушевени од нивната постапка, па оставиле низа позитивни коментари.
фото извор: Bored Panda
фото извор: Bored Panda
фото извор: Bored Panda
Автор: Џудита Кусаитајт