Тоња Дал предизвикала насмевки на лицата на милиони корисници на „Инстаграм“ со видео од нејзината ќерка како ужива во попладневните часови со едно мало пајче. Тоња ги снимила малечката и животинчето како се бањаат и гушкаат додека се обидуваат да се разладат во базенот.
Ќерката на Тоња, Попи, ги обожава животните, а особено се поврзала со ова мало пајче, кое ја следи насекаде. Слатката сцена е прегледана повеќе од шест и пол милиони пати за неколку дена откако е објавена, а многу луѓе коментираат дека се навикнати да гледаат вакви сцени во анимираните филмови на Дизни.