„Фрида“, компанија позната по производите за бебиња, го објави сладоледот со вкус на мајчино млеко за да го прослави лансирањето на својата нова рачна пумпа за гради. Овој сладолед не содржи вистинско мајчино млеко, туку е дизајниран да го имитира неговиот вкус.

Од „Фрида“ тврдат дека сладоледот е богат со хранливи материи како омега-3 масни киселини, јаглехидрати, витамини како железо, калциум, витамини Б и Д, цинк, протеини од сурутка и казеин и вода за хидратација. Овие состојки се корисни и за бебињата и за мајките, а всушност и за повеќето луѓе.

Иако некои изразиле сомнеж дека се работи за првоаприлска шега, компанијата потврдила дека производот е вистински. Компанијата ги повикува заинтересираните да се пријават на нивната веб-страница за да добијат детали за лансирањето. Коментарите на социјалните мрежи се поделени: додека некои со нетрпение чекаат да го пробаат овој необичен десерт, други изразуваат скептицизам за идејата.

Извор



912

X