Воспитување

Скарлет Јохансон објасни зошто ја криела бременоста од јавноста

Скарлет Јохансон и нејзиниот сопруг Колин Јост во август минатата година објавија дека добија дете. Скарлет има 8-годишна ќерка од бракот со Роман Доријак, а последните месеци ужива во присуство на новиот член на семејството, малиот Космо.

Таа неодамна зборувала за тоа како се коментираат телата на жените и често се доведува во прашање изгледот на жените, особено за време на бременоста. Во интервју за „Венити фер“, актерката открила дека се чувствува заштитнички настроена кон трудниците.

„Сакав да имам сопствени чувства за промените на моето тело, а не да ми кажуваат другите луѓе како ме гледаат, позитивно или негативно“, рекла Јохансон.

Во текот на бременоста доживеала критики на сметка на изгледот од блиски пријатели.

„Смешно е колку работи очекуваат луѓето од тебе кога си бремена – тие ги насочуваат своите надежи, нивните судови, нивните желби во насока на трудниците“, продолжила таа. Таа објаснила дека дури и доживеала критики на сметка на нејзиното тело од нејзините блиски пријатели.

„Чувствувам дека многу работи се придвижија напред во последните пет години во однос на зајакнувањето на жените, но сè уште како да сме во средниот век. Има толку многу осуда што е навистина лудо – рекла таа.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top