Игротека

Синот на Ѓоковиќ насмеа многумина со коментарот: „Како не можете да составите трамбулина, а играте на Вимблдон?“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се наоѓа во Лондон каде што настапува на Вимблдон, а како и секогаш, изнајмил куќа во која престојува со својот тим и семејството за време на турнирот.

Имено, тој се обидел да склопи трамбулина со Горан Иванишевиќ и Марко Паники во дворот од куќата каде што се наоѓаат.

Меѓутоа, по голем напор не успеале во тоа, по што се слуша гласот на неговиот син: „Не можете на составите трамбулина, а играте на Вимблдон“, им рече Стефан и ги насмеа сите во дворот.

Неговиот урнебесен коментар ги насмеа Новак и неговите колеги, но и многубројните обожаватели.

Извор

Поврзани написи

To top