Игротека

Синот на Ева Лонгорија им се налути на фотографите во Кан: „Престанете да ја сликате мојата мајка!“

Актерката Ева Лонгорија присуствуваше на престижниот филмски фестивал во Кан, каде што учествуваше и на настан организиран од брендот „Неспресо“. На гламурозниот настан го зеде и својот син Сантијаго, но според неговото однесување, не беше особено среќен што е таму.

Шестгодишниот Сантијаго сè повеќе е свесен за популарноста на неговата мајка и вниманието што ја привлекува, но изгледа дека светлата и блицевите воопшто не му годат. Во еден момент, видливо вознемирен, им се обратил на фотографите што ја опкружуваа неговата мајка: „Сите ја знаат мојата мајка. Престанете да ја сликате!“

Ниту подоцна, додека шеташе со Ева по улиците на Кан, не успеа да си го поправи расположението. Сè уште следен од љубопитните објективи, Сантијаго повторно се побуни: „Мамо! Океј, сите престанете!“, викаше додека чекореше покрај актерката која се обидуваше да го смири.

Збунетоста кулминира кога ја праша: „Зошто сите го прават тоа? Зошто сите те знаат?“ Искрената реакција на Сантијаго потсети многумина дека животот на славните е далеку од обичниот, особено за најмалите кои сè уште се обидуваат да го разберат светот.

Извор

Поврзани написи

To top