Воспитување

Синот го крши стаклото од бес… Важно е како избираме да одговориме

Секој родител сака да им биде одличен пример на своите деца. Сите сакаме нашите деца да се угледуваат на најдобрите верзии од нас, а понекогаш тоа значи многу да се трудиме. Една жена ја разбира вредноста на тоа да се биде најдобрата верзија од себеси за своите деца, особено кога трпението ѝ е тенко.

Кејтлин Флеминг ја опишува сцената кога нејзиниот син влегол дома вознемирен. Таа можела да претпостави дека нешто не е во ред, но немала претстава што точно се случило. Целата ситуација ја исплашила.

– Здивот ми застана кога мојот син влезе во бањата, фрустриран, лут, вознемирен поради, за него, многу значајни причини. И кога ја тресна вратата од тоалетот, предизвика стаклото на горниот дел од вратата да се искрши на милион парчиња – раскажува таа.

Откако го пуштила кучето надвор и мачката ја однела во подрумот за да ги заштити од стаклото, застанала на момент за да си ги среди мислите.

– Отидов во дворот зад куќата, а солзи почнаа да ми се леат по лицето. Неверојатно е колку осамено се чувствував како самохран родител во вакви моменти. Сфатив колку сум исплашена и разочарана. Дали навистина тоа се случи? Да, реално беше – споделила мајката.

Како што размислувала, Кејтлин сфатил нешто зачудувачко. Покрај целиот тој хаос во нејзиниот ум, таа согледала дека му е потребна на синот. Одлучила да ги остави своите емоции настрана и да биде пример за нејзиниот син. Се вратила во домот, се утешила со зборовите: „Диши длабоко. На таа мала, кршлива душа ти си ѝ потребна. Му треба најдобрата верзија од тебе. Твоето најголемо сочувство. Најнежната и цврста мајка, нејзината љубов и сигурност. Диши длабоко. Напред, мамо!“

Додека Кејтлин внимателно се приближувала до бањата, нејзиниот син веќе се искупил за тоа што го направил. Се извинил и ѝ рекол дека никогаш повеќе нема да го стори тоа. Кејтлин останала смирена цело време. Го утешила и му објаснила што претставува бесот. Го научила како да се справува со своите чувства. Потоа, заедно го исчистиле стаклото во тишина. Бидејќи никој не зборувал, двајцата можеле да ја почувствуваат меѓусебната љубов и сочувство. На крајот, врската помеѓу нив била посилна.

фото: Кејтлин Флеминг

Кога оваа мајка била соочена со тешка ситуација, одбрала приоритет да ѝ биде менталното здравје на нејзиниот син и да не дозволи нејзиниот бес и лутина да излезат на површина. Сфатила дека тоа била нејзината шанса да ја покаже вистинската моќ на љубовта кон синот и ја искористила.

Приказната на Кејтлин е една од оние приказни во кои може секој родител да се пронајде, а нејзината порака е навистина вредна. Како се справуваме со тешките ситуации е многу поважно од самата ситуација. Мајката споделила совети за другите родители:

Понекогаш предметите се кршат. Понекогаш ние ги кршиме. Не е важно кршењето, како се случило и зошто. Важно е како избираме да одговориме на кршливоста. Дали ќе нè убие? Дали ќе ни предизвика потреба за обвинување и казна? Или ќе ни помогне да се потсетиме како да сакаме најдлабоко? Дали ќе нè насочи кон сочувство и љубов? Одете сега и научете ги вашите деца на ова. Покажете им го. Живејте на таков начин.

Сите можеме да научиме лекција од неверојатното сочувство на оваа мајка.

Автор: Кели Саркин

Поврзани написи

To top