Воспитување

Сине мој, вака ќе те научам да ги сакаш и почитуваш сите жени

Не живејте со претпоставката дека сте поголеми, посилни или помоќни од жените: ќе ви објаснам која е силата што лежи зад женскиот универзум.

Тука си, во мене и правиш врева, ги исполнуваш моите денови кои поминуваат брзо во желба да те прегрнам, да ти го покажам светот и да те научам за животот. Бидејќи признавам, нема момент а да не ги замислувам сите оние работи што ќе ги правиме заедно.

Се плашам, морам да признаам, дека и покрај работите што ги читам и учам од искуствата на другите мајки, сфаќам дека нема упатство според кое ќе станете совршен родител, но веќе знам дека љубовта што ќе ти ја дадам ќе биде посилна од која било моја грешка. И сето тоа, заедно со почитта, ќе биде чувството што ќе го користам за да ти го објаснам светот. Ќе те научам да бидеш далечен, светлосни години, од оние делови на бајки кои, за жал, постојат и во реалниот живот. Истите оние што лошо ги третираат жените, кои физички и психолошки ги силуваат, кои не ги почитуваат. Но, ти ќе бидеш различно, дете мое, бидејќи задачата што ја имам, до крајот на моите денови, е да те трансформирам во искрен и лојален маж, чист во чувствата и однесувањето. Ова не значи дека нема и ти да згрешиш, или нема да скршиш неколку срца, туку кога тоа ќе се случи, ти секогаш ќе ја почитуваш личноста до тебе.

Ќе треба да ги живееш твоите врски, без разлика колку се големи и важни, со почит и прифаќање. Никогаш немој да дискриминираш или да покажуваш кон некого само затоа што не ја знаеш неговата приказна. Немој да живееш со претпоставка дека си поголем, посилен или помоќен од  која било жена, бидејќи јас ќе те научам да ја разбереш сета сила што лежи зад женскиот универзум и сигурна сум дека кога ќе го набљудуваш – и ти ќе бидеш фасциниран.

Не слушај ги оние што сè уште зборуваат за послабиот и посилниот пол, мажите и жените може да бидат и силни и чувствителни. А ти, дете мое, ќе можеш да направиш што сакаш и да бидеш кој сакаш, како што тоа го можат и жените. Бидејќи ако има една работа што ќе те научам, тоа е онаа дека нема спортови или професии што се само за мажи и дека грижата за домот, децата и семејството не е ексклузивно право само на жената.

Ќе те научам да ги сакаш и почитуваш сите жени, нивните избори, она што го прават и она што се. Не потклекнувај на родови стереотипи, ќе бидеш многу попаметен од сите тие луѓе што веруваат дека правењето нешто или зборувањето зависи од биолошката припадност.

Бидејќи, дете мое, жените не се ранливи слуги и принцези кои треба да бидат спасени по секоја цена или да бидат насочени само кон домашните обврски додека мажот е на работа.

Ние, жените, сме живи суштества кои треба да бидат сакани и почитувани заради она што се – а токму на тоа јас ќе те научам.

Автор: Иларија Бараброса

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top