Сведоци сме на големи промени и технолошки иновации во нашето општество. Над 80 отсто од семејствата со деца во современото општество имаат компјутер и имаат пристап до интернет. Денес децата на возраст помеѓу 8 и 18 години поминуваат време пред телевизор и компјутер во просек од 6 до 7,5 часа дневно. Повеќе од 20 отсто од децата на таа возраст имаат свој личен лаптоп, а децата на возраст од 12 до 16 години дневно поминуваат 90 минути читајќи и пишувајќи пораки на мобилните телефони. Тие податоци се многу загрижувачки, па офталмолозите предупредуваат на појава на рана миопија како последица од таквото однесување, што сега и станува вистина.

Долготрајното седење пред монитор бара од детето фокусирање и напрегање на окото како кај ниту една друга активност. Тоа кај децата доведува до појава на синдром на компјутерски вид, на што децата се многу поподложни од возрасните. Родителите би требало да знаат дека многу проблеми во видот кај децата се доведуваат во врска со долготрајното седење пред компјутер. Како возрасни сме во состојба да го совладаме стресот кој компјутерот им го предизвикува на нашите очи, за разлика од децата. Освен тоа, користењето компјутер влијае и врз психичкиот развој на детето. Американското здружение на оптометрици навело низа препораки за родителите чии деца поминуваат доста време пред екраните:

– Пред поаѓање на училиште задолжителен е детален офталмолошки преглед. Некаде, потребен е задолжителен офталмолошки преглед за запишување на училиште.

– Ограничување на седењето пред компјутер, односно, воведување 20 секунди пауза на секои 20 минути. Некои тоа го нарекуваат правило 20-20. Поттикнувајте ги своите деца да се занимаваат со различни активности, а вкупното време поминато пред телевизор и компјутер би требало да се ограничи на 2 часа дневно.

– Наместете ја висината на екранот за вашето дете да седи исправено. Екранот треба да биде во висина на очите на детето, на оддалеченост од 45 до 70 сантиметри.

– Обучете ги своите деца. Додека работаат на компјутер, треба да знаат да користат кратенки на тастатурата и помалку да го користат маусот.

– Објаснете му ја на детето важноста од правењето паузи, но ако симптомите на замор продолжат, не двоумете се да побарате стручна помош.

Извор



912

X