Синдикатот на Клинички центар го поддржува предупредувачкиот штрајк на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК.
– Здрава и образована популација е основа за развој на едно демократско и високоразвиено граѓанско општество. Суштински елемент за формирање квалитетен кадар се стручни и посветени на својата работа просветни работници. Професионалноста е поврзана со добра организација на образовниот систем, а мотивираноста за работата е директно зависна од чувството на правилно вреднување на трудот и знаењето на работникот. Само стручен и мотивиран просветен работник може да создаде правилно формирани професионалци во работата. Одговорна Влада која се стреми кон систем сличен на високоразвиените демократии треба да ги реализира своето ветување и својата програма, и соодветно, а не со непристојни предлози да ги вреднува оние што се одговорни за создавање здрава и образована нација – стои во соопштението на Синдикатот на Клинички центар.
912