Често слушаме дека луѓето со Даунов синдром не можат да имаат деца, но тоа не е точно – жените можат да раѓаат, а мажите во ретки случаи можат да станат татковци. Еден таков пример е Џад Иса, Сириец со Даунов синдром чија животна приказна е навистина посебна.
Имено, тој не само што го добил синот Садер, туку му обезбедил и образование за да стане доктор.
Тој мисли дека го разгалиле, а подоцна Садер рекол дека се сеќава оти татко му секогаш бил расположен и дека често си играле. Меѓутоа, во тоа време Џад работел многу и штедел пари за подоцна да му обезбеди образование на својот син.
Работел во мелница за пченица и ја оставал својата заработка настрана, што на крајот го инспирирало неговиот син да стане лекар, а тој се восхитувал на напорната работа на својот татко и посветеност за најдобра можна иднина за своето дете.
„Мислам дека би бил многу помалку возбуден за животот и многу помалку страстен за она што го правам ако го немав мојот посебен татко“ – коментирал Садер.
Денес Садер работи како стоматолог, што е една од најдобрите и најплатените професии во Сирија, па на среќата на Џад ѝ нема крај.
Кога зборува за своите родители, синот сепак нагласува дека се сакаат како првиот ден и дека одат на прошетки и се согласуваат и разбираат како штотуку да се заљубиле.