Возрасната граница на пубертетот се промени, но знаците дека вашето дете влегло во пубертет останаа исти.
Влегувањето во пубертет родителите можат да го очекуваат околу 9-тата година. Некои деца и порано ќе почнат да ги покажуваат знаците на пубертетот, понекогаш многу порано, додека некои деца можеби дури по 10-тата година полека ќе влезат во овој турбулентен период од животот. Турбулентен и за децата и за родителите.
Ако веќе почнавте да забележувате некои знаци дека вашето дете повеќе не е она што го знаете, големи се шансите дека тоа навлегло во нова доба од својот живот.
Но, не грижете се дека ќе задоцните зашто периодот на пубертетот денес се протега до 24 години.
Пубертет плус адолесценција. За родителите тоа е една иста работа.
Но, да се вратиме на почетоците и на знаците дека вашето дете станува пубертетлија.
- Се намалува усната комуникација
До вчера сè ви раскажуваше со смеење, а сега повеќе мрмори и си заминува среде разговорот.
- Важни се само нивните трендови
Тоа што за нив е ин, најважно е на светот.
- Желба за друштвени мрежи и селфиња
Одеднаш светот на возрасните им стана многу важен и сакаат да бидат дел од него, а не од детскиот свет.
- Бараат поголема приватност
На почетокот тоа ќе биде престој во нивната соба, а набрзо ќе се појави и желба за клуч.
- Пцости, чудни изрази, интернет-шеги
Вашето дете сè повеќе ќе ве изненадува со тестирањето на границите, и тоа ќе биде придружено со чувството дека тоа е возрасно, па смее да прави сè што правите вие.
- Сè повеќе одговарања
Досега се муртеа, а сега почнуваат да одговараат. Уште една конфликтна одлика на пубертетот, а ќе бараат од вас да ги оправдате своите постапки.
- Повеќе не сакаат да бидат слатки
Тоа време е зад нив, сега доаѓа возрасен и став полн со омраза и сарказам. Детето едноставно мора да го најде својот идентитет.
- Тие знаат сè, вие ништо
И тоа го мислат сериозно. Тоа ќе го помине секое дете, но за среќа таа фаза не трае подолго од една-две години. Во секој случај помалку во однос на целиот живот, па едноставно издржете го тоа.
- Само ги посрамувате
Единствената работа што возрасните ја знаат во стилот „јас знам сè, а вие ништо“ е како да ги посрамотите. Што и да направат, како и да изгледаат, тоа ќе биде така. За среќа, и тоа ќе помине.
- Одеднаш повеќе не сакаат да одат никаде
Приватноста на нивната соба е оаза која ништо не може да ја замени. Но, тука бидете истрајни и не дозволувајте им по цел ден да бидат на мобилниот. Натерајте ги да се дружат со истите тие деца, но надвор. Во спротивно, оваа фаза може да премине во лоша навика на неизлегување и немање никакви интереси.