Последниве три години двојно е зголемен бројот на деца што се фотографираат додека се шетаат по железничките пруги.
Официјалните бројки покажуваат дека луѓето се шетале по пругите 400 пати повеќе во периодот помеѓу 2014 и 2015 година, а 86 од нив имале помалку од 18 години.
Британската полиција предупредила дека пругите не се „игралиште“ и дека луѓето би можеле да бидат сериозно повредени.
Една петтина од тинејџерите се сликаат на пругите
Според истражувањата спроведени на 1.000 тинејџери во Велика Британија, дури 18 проценти од нив не знаат дека одењето по железничките пруги е нелегално.
Исто така, една петтина од тинејџерите одат по пругите со цел да се сликаат.
Бил Кели, извршен директор на железничкиот транспорт, вели дека околу сто луѓе секоја година загинуваат на железничките пруги.
Обука за железничките работници
Во меѓувреме во Велика Британија веќе се извршуваат обуки на железничките работници за да им држат предавања на учениците во училиштата за сите опасности што постојат на железничките станици.
Во Велика Британија загинале седум лица под 18 години во изминативе 12 месеци, а 48 се повредени.
Во летната сезона двојно се зголемува бројот на повредените, па затоа полицијата ги охрабрува сите училишта и сите родители да им објаснат на децата за опасностите на железничките пруги.