Шведска важи за една од најдобрите земји за одгледување деца. Тамошните родители се придржуваат до неколку златни правила, кои можеби се причина што оваа земја редовно се наоѓа на врвот на листите за најдобро место за растење на децата.
Катја Рунов, новинарка и мајка на две деца, која со години живеела во Шведска, истакнува неколку важни принципи на воспитување што се применуваат во оваа скандинавска земја.
Љубов, а не казнување
Шведска е првата земја во светот што целосно го забрани физичкото казнување на децата. Повеќе од 40 години родителите во оваа земја не креваат рака на своите деца, ниту пак користат викање или навреди како методи за дисциплина.
Наместо тоа, тие со своите деца разговараат сериозно и со почит, како со рамноправни соговорници. Ако детето не сака да соработува, наместо казна, добива прегратка: се чека да помине „бурата“, а потоа разговорот продолжува во смирена атмосфера
Татковците имаат важна улога
Во секој парк низ Шведска може да се видат татковци кои туркаат колички и разговараат со други татковци што ги чуваат своите деца.
Во оваа земја татковците имаат право на три месеци платено родителско отсуство и повеќето го користат ова право, активно учествувајќи во растењето и воспитувањето на своите деца.

Нема поделба на машко и женско
Во Шведска не постои строга поделба на „машки“ и „женски“ работи – облеката, играчките и активностите не се категоризирани според пол. Родителите сами одлучуваат што ќе купуваат за своите деца, без оглед дали станува збор за кукли, автомобили, роботи или трактори.
Така, од најмали нозе се поттикнува еднаквоста помеѓу момчињата и девојчињата, и се елиминираат стереотипите кои постојат во многу други општества.
Без оценки до шесто одделение
Во Шведска оценките не се дел од образованието сè до шесто одделение. Наместо традиционално оценување, наставниците разговараат со учениците и нивните родители за напредокот.
На овој начин, децата имаат можност да учат без стрес и без притисокот на оценките, што им помага да развијат љубов кон учењето наместо страв од неуспех.
Слатка недела
Во Шведска постои традиција наречена „слатка недела“ – посебен ден кога се јадат слатки. Ова правило е воведено со цел да се заштити здравјето на забите бидејќи е многу подобро слатките да се консумираат еднаш неделно отколку секој ден.
Интересно е тоа што во оваа земја децата имаат право на бесплатно лекување на забите до нивната 23. година.