Време е да престанете да ги обвинувате паметните телефони за лошите односи со децата. Истражувачите од Швајцарија дошле до заклучок дека децата копнеат по вниманието од нивните родители, а врската еднакво трпи ако родителот зјапа во мобилен телефон или прави некоја друга активност наместо да му биде посветен на детето.

-Не е важно дали расеаноста на родителите е резултат на дигитална или недигитална активност – стои во соопштението потпишано од Невена Димитрова од Швајцарскиот универзитет за применети науки и уметности.

Резултатите од студијата која ги испитувала односите на 50 парови „родител-дете“ биле објавени во списанието „Границите во детската и адолесцентската психијатрија“.

На родителите од првата група им било наложено да си играат со своите деца десет минути. На родителите од втората група им било кажано да си играат со своите деца, но по пет минути им бил даден прашалник што требало веднаш да почнат да го пополнуваат. Истиот прашалник го добиле и родителите од третата група, но го пополниле на таблет. Родителите од втората и третата група добиле инструкции да продолжат да си играат со своите деца додека го пополнуваат прашалникот.

-Кога го пополнуваа прашалникот, родителите беа помалку чувствителни на сигналите за комуникација на нивните деца, а децата покажаа пониско ниво на социјална вклученост кон нивните родители. Сепак, таблетот не направи разлика во споредба со хартијата и моливот. Ова беше изненадување за нас и ова откритие го толкуваме како можност екраните да се толку сеприсутни денес, што малите деца можеби се навикнуваат на реалноста да ги гледаат своите родители како користат екрани – истакнала Димитрова.

Научниците заклучиле дека најдобри интеракции се оние што се целосно непрекинати.

-Гледаме дека екраните сами по себе не се штетни за квалитетот на интеракцијата родител-дете. Наместо тоа, се чини дека фактот што родителот не е целосно вклучен во интеракцијата има негативен ефект врз комуникацијата – заклучила Димитрова.

Извор



912

X