Колумна на воспитувачка од Србија која почнува со силни саркастични пораки…
Прво да напоменам, не сум прочитала книга со сличен наслов (но планирам) и овој пост со таа книга нема никаква врска.
Секоја сличност (ако постои) е случајна. Инспирација за овој текст наоѓам во моето опкружување.
Детето е дете да го сакате и разбирате. Детето е и Хајдук и Гете. Детето е огледало на своите родители. Детето е сето она што родителот може да го направи…
Кога ќе се роди, детето е беспомошно, но толку моќно. Расте и се развива во својата прва година со неопислива брзина. Првпат кога се обидува да седи, е околу 4-5 месеци, но не треба да му дозволите. Не, никако! Неговата прва борба треба да ја сечете в корен. Другарка ви ви кажа никако пред 6-7 месеци. Секако дека ќе ја послушате, па таа веќе три порасна. Купете му на детето релаксатор, оној модерниот, најскапиот, што свири Моцарт, пее, успива, додава цуцла, загрева млеко. Одбијте го вашето бебе од цицање навреме. Ако се навикне премногу, потоа ќе биде потешко и потешко. А и потоа градите ќе ви висат. Кој го сака тоа?
Не вадете го бебето од дома првите 6 недели. И не дозволувајте некој да го види, бакне, кивне во него. Не ви требаат бактерии од таму некоја родена баба или тетка. А и по тие 6 недели, ако доаѓа зима, никаде! Само во топло, околу 24-25 степени собна температура.
Облеката на бебето перете ја посебно, двапати пред да ја облече бебето, што е сигурно – сигурно е…
Купете стерилизатор, оној поскапиот.
Внимавајте кога ги прави првите чекори. Следете го и држете го, а ако е можно, одложете го до 15 месеци, нека зајакне малку.
Повторно мрсулчиња. А минатата недела го инхалиравте детето и испи антибиотици, а и многу пати сте биле во амбулантата.
Најдобро е да го изолирате уште една недела. Перете ги играчките, секој ден. Купувајте ги што повеќе и што почесто. Немојте сосетката да помисли дека немате за тоа.
Штом видите дека знае да ракува со мобилен, купете му… да не се досадува детето.
Штом почне да зборува, веднаш запишете го на англиски. Да не задоцни. Покрај јазиците, запишете го и на музичко. Тамам ќе имате еден час за кафе, трипати неделно, ако го запишете на солфеж.
Вишокот слободно време пополнете го со спорт, најдобро со оној во кој вие не сте се оствариле како дете, одлична можност наместо вие, детето да биде успешно, а вие да се гордеете.
И така заштитете го од бактерии, возење велосипед, нездрава храна, сообраќај, слободно време и, секако, заштитете го детето од животот.
Доста е сарказам! Но, сепак…
Сите ние помалку или повеќе сме баш тој родител од оваа приказна. Би сакале нашето дете да биде најдобро, најспособно, најпаметно, а во таа желба понекогаш не го гледаме самото дете. Не ги гледаме неговите желби и потреби. Не гледаме ни во што го претвораме. Всушност, го претвораме во „совршено“, но несреќно.
Какви уште можат да бидат родителите?
Оние што со премногу заштита го нарушуваат развојот на детето
Теоријата за овие родители е нешто поразлична: – Подобро да го задржам в место отколку не дај Боже нешто да му се случи. Тие го задушуваат развојот на детето, најчесто несвесно, само за детето да биде безбедно. И секогаш се вадат со безбедноста. Некако во моето опкружување најмногу ја забележувам таа претерана заштита од животни (или домашни миленици). Наместо да ги учиме децата да ги сакаат, негуваат, да се грижат за нив, ги учиме да се плашат и да бегаат, за секој случај. Никогаш не се знае кога мачката и кучето ќе…
Оние што брзаат го нарушуваат развојот на детето
Овие родители секогаш брзаат. Нивните деца не знаат како да си ги обијат чизмите и како да си ја закопчаат јакната до второ одделение. И речиси никогаш не ги учат да си ја средат собата. Многу често ја викаат мајка им да им каже каде им се гаќите и чорапите. И прашуваат дали им ги избришала чевлите.
Освен оние што брзаат, тука се и оние родители што се обиделе да го научат детето да си ги здипли алиштата, но бидејќи не им се допаѓа како го прави тоа, го поправаат. Така на децата им испраќаат порака дека сепак тие го прават тоа подобро и дека детето џабе се трудело.
Доколку правите сè наместо вашите деца, ќе го забавите нивниот развој. Кај постарите деца ова може да влијае врз самодовербата.
Има случаи во градинка децата да се облекуваат сами, но кога тука им се родителите – не умеат. Понекогаш се чудам кога ќе видам свиткана баба, која клечејќи се обидува да го облече внукот и да му ги врзе врвците. Јас ѝ велам: – Тој знае сам да го направи тоа. Но тој случај се повторува и наредните денови. Истото е и кога станува збор за јадењето и многу други работи. Постојат родители што предолго им ја пасираат храната на децата.
Предолго е сè по 10 месеци. Родителот се плаши да не се задуши детето со храната, несвесен дека одложувањето на џвакањето ја зголемува подоцнежна потреба за логопедски третман (бидејќи го нарушува развојот на мускулите на вилицата) и може да доведе до нарушување во исхраната.
Децата што се преокупирани со обврски немаат време за одмор и досада. Да, добро прочитавте. На детето му е потребно слободно време, а досадата го поттикнува на имагинација и активност за самостојно размислување. Ова е многу важно за физичкиот и менталниот развој на детето. Дајте му на вашето дете весници, ножици, хартија и лепило и излезете од собата. Гледајте што ќе се случи.
За физички развој е клучен и развојот на моториката, ако сме од оние што премногу ги заштитуваат децата од удари и падови, или уште повеќе, ако нè загрижуваат колената позеленети од тревата, нашето дете ќе биде изложено на лошо развиена крупна моторика (послабо и побавно ќе трча).
И на крај, драги родители, сè зависи од вас. Па и тоа каков човек ќе стане вашето дете…
Автор: Бранислава Ќосиќ, воспитувачка
912