Добрите татковци имаат една важна особина, тие навистина ги познаваат своите деца
Мажите денес сè повеќе ја препознаваат својата клучна улога во семејството и позитивно одговараат на предизвиците на родителството. Сè повеќе мажи чувствуваат длабок глад за воспоставување квалитетен однос со своите деца. Новите истражувања откриваат на кој начин позитивната и активна вклученост на таткото придонесува за подобра социјална приспособливост на децата, го зголемува нивниот здрав полов развој и придонесува за поголем интелектуален развој на своите деца. Со татковската вклученост расте веројатноста за развој на смислата за хумор кај децата, се развива подобра внатрешна чувствителност, па дури и поголема мотивација за учење. Од друга страна, пак, татковското емотивно оддалечување може да има длабоко негативно влијание врз детето.
Истражувањата покажуваат директна поврзаност на татковската отсутност со зголеменото ниво на агресивно однесување кај синовите, прерана сексуална активност кај ќерките и претерана стереотипност на улогите кај децата и од двата пола.
Татковците што се присутни во животот на своите деца, изворот на животното задоволство го наоѓаат во постигнатиот добар однос со своето дете. Добрите татковци имаат една важна особина, тие навистина ги познаваат своите деца. Тие знаат што ги боли и што ги плаши, како што знаат и што им носи радост и задоволство.
Добриот татко знае многу работи за своето дете, на пример:
- кога неговото дете имало тежок ден;
- кога детето е вознемирено и поради што;
- ги знае имињата на неговите најдобри пријатели;
- знае што најмногу го охрабрува неговото дете;
- кога се повредени неговите чувства;
- што го мотивира;
- ги знае поголемиот број неодамна случени разочарувања;
Добрите татковци стануваат јунаци за сопствените деца тогаш кога се пример за доблесни, целосни личности, полни со разбирање, внимание, дисциплина и љубов.
912