„Линеа негра“ е темна вертикална линија која се појавува на кожата на стомакот на трудницата, честопати наречена „ трудничка линија“. Таа се протега од папокот до гениталиите, но може да се прошири и до градите.
Дали сите трудници ја добиваат линијата?
Околу 80% од трудниците ќе имаат „линеа негра“, но тоа може да биде повеќе или помалку забележливА, во зависност од бојата на кожата. Жените со потемна кожа имаат тенденција да имаат поизразена црна линија во споредба со жените со светла кожа. Тоа е така затоа што луѓето со потемна кожа имаат поголема пигментација од оние со светла кожа.
Кога се појавува „линеа негра“?
Тоа се случува кога вашите хормони се зголемуваат во текот на бременоста. Кај повеќето луѓе црната линија потемнува доволно за да биде видлива во второто тримесечје (околу 20. недела). Пред да се затемни, линијата се нарекува „линеа алба“ или „бела линија“.
Што ја предизвикува појавата на оваа црна линија и кога исчезнува, говори д-р Горан Исаиловиќ:
„Оваа линија се формира кога под влијание на естрогенот, телото на трудницата го зголемува производството на меланин, па брадавиците и гениталниот дел стануваат потемни. Оваа линија исчезнува со текот на времето по породувањето“.

Постои и легенда која вели дека „линеа негра“ служи за новороденчето да го најде патот до мајчините гради.
„Линеа негра“ не е поврзана со никакви медицински состојби за време на бременоста. Тоа е сосема нормален дел од бременоста и не можете да го избегнете нејзиното појавување. Ако не ви се допаѓа како изгледа вашиот стомак со оваа линија, не грижете се бидејќи ќе исчезне по породувањето. Ако не исчезне по неколку месеци од породувањето, консултирајте се со вашиот лекар и дерматолог за да преземете чекори според советите на експертите.