Здравје

Што влијае на висината што ќе ја достигне детето кога ќе порасне

Се проценува дека дури 80% од конечната висина на детето се од генетска природа, што значи дека во голема мера се одредува пред детето да се роди. Факторите што ги сочинуваат дополнителните 20% вклучуваат работи како исхрана, дали мајката пуши или не, а важен е и редоследот на раѓање.

Општо е познато дека жените што пушат во текот на бременоста често раѓаат помали бебиња, со помала телесна тежина, но тоа продолжува и во детството – една студија од 2014 година во Бразил покажа дека децата на пушачите биле пониски во текот на адолесценцијата (и, интересно, друга студија покажала дека децата што пушат на возраст од 12 до 17 години, исто така, може да бидат пониски од нивните врсници непушачи).

Чаша млеко на ден за висина?

Дополнително, се покажало дека има нешто во редовното пиење млеко за децата да станат силни и високи. Како што е објавено во „Scientific American“, најважните хранливи материи за конечната висина се протеините консумирани во детството. Минералите, особено калциумот и витамините А и Де, исто така, влијаат врз висината.

Затоа, неухранетоста во детството е штетна за висината. Една британска студија во „Гардијан“, исто така, покажала дека помладите браќа и сестри растат побавно, иако ова веројатно има повеќе врска со недостигот на храна отколку со реалниот редослед на раѓање – се верува дека во некои ситуации ако се присутни повеќе деца, може да има несигурност во храната која главно го погодува најмалото дете.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top