Иако детската дебелина е несомнено еден од најголемите здравствени проблеми денес, недоволната тежина или слабата тежина исто така може да биде проблем за развојот на детето. Според д-р Намрата Ујпада, педијатриски ендокринолог, „недоволна тежина“ е термин кој се користи за опишување на децата кои изгледаат слаби или имаат слаба градба.

Меѓутоа, во практика, детето се смета за неухрането ако неговиот индекс на телесна маса (БМИ) е помал од 5-тиот перцентил за возраста и полот, кога ќе се исцрта на БМИ графиконот, објаснува докторот. Сепак, д-р Упадја споделува вообичаени причини зошто детето може да има недоволна тежина, како и начините за тоа да се надмине.

Неухранетост

Според докторот, неухранетото дете може да изгледа многу слабо, може да има отечени образи, слаби раце, може да изгледа помалку активно во споредба со здравите деца. Симптомите вклучуваат и отежнато јадење, хронична дијареја, повраќање, испакнат стомак, хронична кашлица, хормонално нарушување кое влијае врз тироидната жлезда или надбубрежната жлезда, дијабетес или невролошко нарушување кое предизвикува тешкотии во хранењето, голтањето, џвакањето итн.

Пренатални причини

Друга причина може да биде многу мала родилна тежина. Ова може да се случи или поради предвремено раѓање или поради нарушен развој за време на бременоста.

-Таквите деца, во отсуство на која било друга сериозна болест, ја достигнуваат својата тежина и висина обично до 2-годишна возраст. Некои деца, исто така, може да имаат некоја основна генетска состојба што влијае врз нивниот потенцијал за раст. Бидејќи растот е определен и од нашиот генетски потенцијал, децата можат да бидат здрави, но конституциски слаби, особено кога има семејна историја на слабеење. Сепак, најдобро е да го посетите вашиот педијатар кога сте загрижени за да може да се постави правилна дијагноза за секое дете кое изгледа неухрането, слабо расте во споредба со другите деца на иста возраст, кое е хронично болно, често се разболува или било родено предвреме со мала родилна тежина.

Исто така, важно е редовно да се консултирате со вашиот лекар за да го следите растот на вашето дете. Третманот на децата со недоволна тежина зависи од причината. Ако е поврзано со исхраната, вашиот педијатар ќе советува како да ја подобрите исхраната на вашето дете и да ги решите проблемите со хранењето. Доколку постои сомневање за некоја болест, лекарот може да советува некои тестови и да предложи соодветен третман – советува лекарот.

Автор: Јасна Дреновац

Извор



912

X