За децата, училиштето е причина и за пријатно време и за грижи. Затоа родителите треба да им помогнат на своите деца да се подготват за училиштето, да играат со нив, да им ги кажуваат сопствените училишни приказни и да им објаснат што ги чека во текот на училишниот живот. Тоа се работи што само родителите можат да ги објаснат.

Мојата ќерка е петто одделение. Се сеќавам дека променивме 2 училишта, па тоа беше тежок и болен период за нас, но знам луѓе што имаат пријатни спомени од тоа време. За да ѝ помогнам на ќерка ми да се чувствува како да ѝ припаѓа на оваа група луѓе, ја научив неколку правила.

За првачињата и нивните родители сè изгледа необично, непријатно, па дури и страшно. Училиштето, другите деца и наставниците се различни. Децата доживуваат нови работи, како домашни задачи и оценки, првпат во нивните животи.

И покрај тоа што родителите го поминале овој „испит“, тие сè уште се нервозни. За нивните деца е уште покомплицирано, особено ако никогаш претходно не оделе во градинка.

Затоа е важно овие работи да му ги кажете на вашето дете:

– Твоето физичко и менталното здравје се поважни од лекциите. Ако се чувствуваш лошо, кажи му на некого.

– Не споредувај се со другите. Одиш на училиште за да се стекнеш со знаење, а не да бркаш добри оценки.

– Треба да ја разбереш темата; оценките не се важни. Ако добиеш лоша оценка, нема да те казниме, но петка би нѐ израдувала.

– Ако нешто ти е тешко, прашај го наставникот или прашај нè нас.

– Во ред е да се чувствуваш нервозно пред тест, но запомни дека училиштето не е целиот твој живот, туку мал дел, па затоа не дозволувај да те вознемири.

– И наставникот е човечко суштество кое може да се разболи, да се умори и да направи грешка. Запомни го ова и почитувај го наставникот и тоа што го прави за тебе.

– Немој да малтретираш/исмеваш никого. Булинг е кога луѓето ги повредуваат другите што се послаби од нив. Кажи ми ако некој исмева други деца, ќе видам како можам да помогнам.

– Ако не ги прекршиш правилата, нема никој да те казни. Може да прашаш да излезеш надвор ако сакаш да одиш во веце. Може да одбиеш да јадеш ако не ти се јаде. Ако мислиш дека наставникот греши и е груб, кажи ми.

– Ако ги прекршиш правилата, наставникот ќе те казни. Но, никој не смее да те повреди, понижи или исмева. Ако тоа се случи, кажи ми.

– Научи да комуницираш со луѓето. Но, ако соученик те повреди, обиди се да го решиш проблемот сам. Ако тоа не функционира, замоли го наставникот за помош.

– Дај го најдоброто од себе. Овие предмети се навистина корисни. Исто така, научи да размислуваш.

– Биди дисциплиниран. Правилата се создадени за да ни ги олеснат животите. Пишувај домашна, слушај го наставникот и сам подготви се за на училиште вечерта пред да си легнеш.

– Можеш да се стекнеш со знаења и на други места освен на училиште. Ако сакаш да дознаеш нешто повеќе, кажи ни, ќе ти помогнеме да ги најдеш одговорите.



912

X