Воспитување

Што сè ви е потребно пред да пристигне бебето?

Составувањето список може да ви помогне во одредувањето што треба да си купите и како да се подготвите пред да пристигне вашиот нов член на семејството. Што сè ви е потребно за првите денови со вашето новороденче?

За хранење

Ако доите, не ви е потребна посебна опрема. Но, на некои мајки им требаат:

– Лигавчиња, крпчиња, пумпа за гради, шишиња за млеко, перница за доење, градници за доење, влошки за гради, лосиони за брадавиците.

Ако го храните бебето со вештачко млеко:

– Многу лигавчиња, шишиња со цуцли, четка за шишето, формула од вештачко млеко, термален носач за шишињата.

Пелени

Ако користите пелени што повторно се употребуваат:

– Поголем број пелени, 8 покривки отпорни на вода, површини за менување пелени, крем за превенција од иритација на кожата, безопасни за зацврстување на пелените, влажни марамчиња за бришење на детето.

Ако користите пелени за една употреба:

– Две пакувања пелени за новороденчиња (не купувајте преголеми количини бидејќи бебето може брзо да расте), површина за менување на пелените, крем или лосион против иритација на кожата, марамчиња за бришење.

Облека

– 8 парчиња боди и шпилхозни (со кратки и долги ракави), пижами, пет пара панталони, 2 капчиња за новороденчиња, 8 пара чорапи, 2 пара ракавици за бебето да не се гребе по лицето, 2 јакни, зимски шпилхозни, детергент за перење облека на новороденчиња, 4 сета облека за излегување (како опција).

Ќебиња

– 3 големи памучни ќебиња, 8 помалечки за во количка и слично.

За капење

– Корито, мијалник, бебешки сапун, мека четка за коса, меки пешкири.

За спиење

Ако користите креветче:

– Чаршафи, лесни ќебиња, водоотпорни покривки.

Ако спиете заедно со детето:

– Цврст душек, 3 водоотпорни покривки за да ги ставите под бебето, светло со опција за намалување, вреќа за спиење.

Други потребни работи:

– Седиште за во автомобил;
– Количка во која бебето ќе може да лежи на грб;
– Ножички за сечење на ноктите;
– Пумпа за извлекување секрет од носот;
– Термометар;
– Лажичка за лекови или за капки.

Убаво би било да имате и столче за хранење или за заспивање, носач за бебе, торба за пелени, површина за менување на пелените, пластични закачалки за во орман, покривачи за прозорците во автомобилот за заштита од сонце, цуцли, играчки, ноќно светло.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top