Новиот вирус сличен на пневмонија, првпат идентификуван во Кина, предизвика паника меѓу луѓето низ светот. Повеќе од 81.000 луѓе се заразија, а најмалку 2.000 починаа откако почна епидемија на коронавирусот во Вухан, Кина, во декември. Поголемиот дел од потврдените случаи се од Кина, но вирусот оттогаш се прошири во другите делови на Азија и се појави во Европа, Австралија и во Канада.

Светската здравствена организација (СЗО) организира итни состаноци на 22 и 23 јануари за да одлучи дали ќе прогласи глобална здравствена итна состојба, но на крајот одлучи дека сè уште е рано да го стори тоа. Центрите за контрола и спречување болести ги советуваа Американците да ги избегнуваат патувањата во Вухан. Но, на 27 јануари СЗО го прошири известувањето и ја вклучи цела Кина.

– Сè уште не знаеме многу за овој вирус, вклучувајќи го и тоа колку лесно може да се шири од личност на личност – вели д-р Вилијам Шафнер, професор по превентивна медицина и заразни болести во Медицинскиот центар „Вандербилт“.

Што треба да знаете за коронавирусот?

Терминот коронавирус се однесува на семејство вируси; – Замислете ги како голема група братучеди кои се слични на многу начини – вели д-р Шафнер. Голем дел од нив живеат исклучиво во животни, но научниците идентификувале седум различни вида, вклучувајќи го и најновиот коронавирус или Ковид-19, кој може да ги зарази луѓето.

Митови и вистини за коронавирусот, подготвени од лекарите во ИЈЗ

– Видовите што обично ги инфицираат луѓето обично предизвикуваат симптоми кои не се потешки од обична настинка. Но, повремено непријателскиот коронавирус се пренесува од животни на луѓе и е посериозен – вели д-р Шафнер. Тоа е она што се случи со коронавирусот САРС, кој беше одговорен за смртоносна епидемија во 2003 година и се веруваше дека се раширил од лилјаци на мачки пред да ги зарази луѓе во провинцијата Гуангдонг, Јужна Кина, во 2002 година. Слично на тоа, коронавирусот МЕРС, кој беше прв идентификуван во 2012 година, се рашири од лилјаци на камили, па на луѓе во Саудиска Арабија и беше одговорен за најмалку 858 смртни случаи.

Експертите сметаат дека Ковид-19, исто така, потекнува од животно, иако сè уште не го идентификувале специфичниот извор.

Зошто новиот коронавирус претежно ги поштедува децата?

Зошто експертите се загрижени за новиот коронавирус?

За разлика од другите, поблаги коронавируси, овој вирус се покажува дека е посмртоносен. Експертите не знаат многу за него.

– Сега го засноваме вирусот на историска перспектива на САРС и МЕРС – и двата предизвикаа стотици смртни случаи – изјави д-р Х. Коди Мејснер, директор на одделот за детски заразни болести на Факултетот за медицина на Универзитетот „Тафтс“ и член на Комисијата за инфективни болести на Американската академија за педијатрија.

Досега, се чини дека коронавирусот е поблаг од САРС и МАРС.

– Изгледа дека повеќето смртни случаи досега се случиле кај постари возрасни лица, кои имале други здравствени состојби, како што се срцеви заболувања или дијабетес. Но, очигледно сè уште има потенцијал да зарази луѓе кои ќе завршат во болница, не само во Југоисточна Азија, туку и низ целиот свет – вели д-р Шафнер.

Дали родителите треба да бидат загрижени?

Засега, не.

– Мислам дека нема потреба од паника, со оглед на мерките на претпазливост што ги презема владата на САД – вели д-р Марк Малиган, директор на Одделот за инфективни заболувања и центар за вакцини во њујоршкиот медицинскиот центар „Лангон“.

– Грипот убива многу повеќе Американци, вклучувајќи и деца. Нема сомнение дека вирусот на грип ќе предизвика многу повеќе болести, хоспитализации, па дури и смрт отколку овој коронавирус – вели д-р Малиган.

Бремена сум, дали треба да бидам загрижена?

Да, но исто колку што би биле загрижени кога би имале грип. Во текот на бременоста  имунолошкиот систем е почувствителен, што ве прави поподложни на компликации од вируси како грип и сипаници, објаснува д-р Стивен Гордон, специјалист за инфективни болести на Клиниката во Кливленд. (На пример, бремените жени имаат поголема веројатност за речиси 3,5 пати да завршат во болницата од грип отколку жените што не се бремени, се вели во истражување објавено во јуни 2019 година во списание за инфективни болести.)

Каде да читате релевантни информации за коронавирусот

– Има смисла тоа што бремената жена би била изложена на поголем ризик од компликации од овој вирус отколку жената што не е бремена. Но, треба да имате предвид дека ризикот од заболување од оваа болест е многу мал – додава доктор Гордон.

Коронавирусните инфекции, генерално, не се разликуваат од другите респираторни инфекции. Во благи случаи тие предизвикуваат течење на носот, кашлица, болки во грлото, замор и треска. Но, со Ковид-19 пациентите можат да имаат висока температура, отежнато дишење, па дури и пневмонија. – Од лекарска гледна точка, ако некој пациент има коронавирус, не можеме да го потврдиме тоа со едноставен физички преглед – вели д-р Шафнер.

Дали постојат чекори што родителите треба да ги преземат во овој момент?

Во овој момент, треба да ги преземете истите чекори што би ги презеле за да го заштитите вашето дете од обична настинка или грип, советува д-р Мејснер. Охрабрете ги децата да ги мијат рацете често и темелно со сапун и вода најмалку 20 секунди.

(Средствата за дезинфекција на база на алкохол обично не се толку ефикасни како сапун и вода, додаде д-р Мејснер.) Рацете треба да се мијат пред децата да јадат, откако ќе ја користат бањата, кога влегуваат од надвор или кога ќе допрат нешто валкано.

Ако видите како некој кашла или кива, обидете се да ги задржите вашите деца колку што е можно подалеку од нив. – Веруваме дека респираторните секрети од коронавирусите не можат да патуваат повеќе од еден метар – објаснува д-р Мејснер.

Додека луѓето во Вухан носат хируршки маски на отворено, нема потреба вашето дете да носи маска.

– Повеќе сум загрижен дека маската ќе влијае врз дишењето на детето отколку во врска со коронавирусот – вели д-р Гордон.

И осигурете се дека сите во вашата куќа (вклучително и вие) се вакцинирани од грип, особено ако се земе предвид дека од грип умираат илјадници луѓе – вели д-р Шафнер.

– Родителите се навикнати на грипот, па затоа не се грижат толку многу за него. Но, преземањето чекори за заштита на своите деца од грипот е многу поважно – вели докторот.

Извор



912

X