Што правиме во име на мајчинството и родителството: улогата која сите ја добиваме кога стануваме родители, колку места истражуваме за да бидеме автентичен родител и колку напори вложуваме во секојдневниот живот за да се осигуриме дека децата ќе го имаат детството што го заслужуваат. Дали сето тоа го правиме за нив? Или можеби и за нас? Дали го создаваме она што ние сме го немале како деца, па бараме да креираме различни корени за нашето сопствено семејство?
Во самоизолацијата што ни ја наметна вирусот имаме време и можност да си ги поставиме наведените прашања. Сега активно работам од дома, одржувајќи го домот како еден позитивен простор за синот, ирелевантен во однос на она што се случува надвор. Домот секогаш треба да биде безбеден, секогаш. Покрај сето ова се сетив на моето искуство дома и навистина почнав да работам на тоа за да може да започне процесот на заздравување. Поставувајќи основа за безбеден дом, процесот е добар и за двете страни: детето кое никогаш нема да ја има вибрацијата на стравот во неговото јадро и мајката која може да ги открие нејзините стравови од детството.
Имав соништа, спомени и интензивни емоции во многу краток период. Но, ова е тоа што го правиме. Како родители, прифаќаме нешто кое секогаш ќе функционира и ќе се соочуваме со предизвици, па ќе мораме да копаме длабоко и да знаеме дека целиот тој процес ќе продолжи. Сите ја имаме можноста да ја искористиме моменталната криза. Можеме многу да научиме, да заздравиме и да го поставиме семејството во позиција на одржување силни корени. За да дојдеме дотаму, мора длабоко да копаме. Како дрво, нашите корени се закопани длабоко под земја, во темното. Исто така, мораме да одиме кон темнината и да избереме: да избереме да си дадеме себеси и на семејството здрави корени преку вдишување воздух од нашите оригинални корени и да си дозволиме различен начин на постоење.
Стравот нè поставува во една насока, сакајте се еден со друг. За да поставиме мост меѓу празнината, мораме да оставиме простор за сè што треба да биде видено, вреднувано, изразено и потоа да го ставиме како најубаво ѓубриво за нашите корени. Немаме потреба да ги заборавиме нашите оригинални корени, да ги обвинуваме или да ги засрамуваме. Ги сакаме, сите нив, секое искуство што сме го имале и кога искрено ќе тргнеме од тоа место, тогаш можеме да растеме. Нашите корени навистина растат кога можеме да го вреднуваме местото каде што сме биле. Потоа, кога тие лекции ќе ги научиме и примениме, можеме да ги поставиме најдлабоките основи за себе и нашите деца.
Денес, седејќи со своите корени, поминувајќи време со нив, прашајте ги што сакаат да слушнат. Ќе ви шепнат и ќе ве потсетат да бидете мирни, да си дозволите експресија и разбирање и да изберете љубов секој ден. Сите да ја потхранувате љубовта во вашите домови.
Вашите и срцата на децата ќе ви бидат вечно благодарни. Силните корени се ваши, кога љубовта ја ставате на првото место.
Автор: Сали Сеинт