Воспитување

Што прават поинаку родителите на успешните деца?

Улогата на родител трае цел живот, но е најважна во текот на развојот на детето. Како да ја најдете рамнотежата меѓу помагањето и допуштањето сами да прават многу работи?

Еве 10 нешта што родителите на успешните деца ги прават поинаку:

1. Ги оставаат да се соочат со неуспехот: преку помали неуспеси, родителите ги учат децата повторно да продолжат понатаму.

2. Ги учат за значењето на благодарноста: покажете им на децата дека она што го имаат тие е многу повеќе од она што го има некој друг. Тоа е важна лекција за благодарноста.

3. Ги учат да бидат сами свој пријател: не мора секогаш да им угодувате кога се сами. Децата што учат да не се потпираат на другите се независни, а со тоа и поуспешни.

4. Ги учат на вредноста на напорната работа: задолженијата на децата се аквивалент на работата на возрасните, а џепарлакот еквивалент на платата. Научете ги децата правилно да ги вреднуваат.

5. Не ги оставаат да застанат, ако знаат дека се способни за уште:
 поттикнете го детето да работи на талентот, да чита, да акумулира знаење, да учи, да си создава добри навики. Препознајте го потенцијалот и работете заеднички на него.

6. Им го вреднуваат трудот, не резултатите:
 не го ставајте фокусот само на оценките. Количината на труд што секој ученик ја вложува во учење е различна согласно интелигенцијата, па затоа истакнете го трудот што го вложува или способностите, наместо оценките.

7. Им помагаат да си го најдат идентитетот одделно од нив (родителите) и нивните соученици: многу е важно да се работи на независнота на децата. Дозволете им да бидат различни од вас. Препознајте ги и почитувајте ги уште од нивната рана возраст.

8. Ги учат на љубезност, почит и манири: овие три квалитети ќе им помогнат при искачување на скалилата на успехот.

9. Ги учат на чесност и интегритет: за лажењето децата учат кога се на ранлива возраст. Сфаќаат дека лагата ги спасува од казна. Ако ги фатите да лажат покажете им го влијанието на лагите на нашите животни, а не се фокусирајте на казната или доказот за лагата.

10. Ги учат да стојат во одбрана на себе и за другите: децата се често на удар на непријатели на училиште, авторитети и непознати возрасни и луѓе што ги искористуваат. Научете ги да одбијат малтретирање или неубав однос за да се одбранат сами ако вие не сте во близина.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top