Игротека

Што навистина стои зад стравот од повици од родителите? Ова се најчестите причини

Односите меѓу родителите и децата се меѓу најдолготрајните во животот, па затоа не е чудно што и возрасните деца често чувствуваат тензии во семејната динамика земајќи го предвид фактот дека врската постојано се менува. Овие тензии се уникатни за секоја личност и се манифестираат различно во секое семејство, но имаат моќ да влијаат врз квалитетот на животот, среќата, здравјето и симптомите на депресија.

И најобичен повик или порака од родител може да ги предизвика потиснатите тензии. Често зад стравот од телефонски контакт стојат чувство на исклученост, стари нерешени рани од детството или впечаток дека како возрасни не се забележани од своите родители однсоно луѓето што некогаш ги познавале најдобро.

Често добиваат несакани совети

Несаканите совети од родителите често се доживуваат како наметливи и ја засилуваат оддалеченоста, особено кога возрасното дете бара само некој да го исслуша и емоционална поддршка, а не некој што ќе ги поправ нештата. Иако тие совети најчесто се добронамерни, токму разликата меѓу тоа што им е потребно и тоа што го добиваат може да го поттикне стравот од телефонски повици.

Се чувствуваат како да мораат да „глумат“

Возрасните деца кои чувствуваат дека мора да глумат нешто што не се за да бидат прифатени од родителите, често избегнуваат ненадејни повици бидејќи тие ја поттикнуваат оваа внатрешна напнатост. Истражувањата покажуваат дека чувството на прифатеност е клучно и во зрелоста, па недостигот од него природно води кон дистанца и избегнување комуникација.

Кријат нешто

Возрасните деца кои кријат нова работа, врска или аспект од својот живот често чувствуваат анксиозност при повик од родителите, стравувајќи од осуда или притисок да живеат според туѓи очекувања. Како што истакнува психологот Стејси Р. Пинатели, без взаемна почит се создава трајна оддалеченост, па избегнувањето повици станува начин да се заштити личниот избор.

Секогаш го завршуваат повикот чувствувајќи се полошо

Без оглед дали станува збор за недостаток на почит, чувство на неусогласеност или „грижа“ што звучи како манипулација, овие повици најчесто им предизвикуваат стрес. Разговорот не носи поддршка, туку анксиозност, па затоа често избегнуваат да одговорат.

Секогаш ги тераат да се чувствуваат виновни што не ги посетуваат

Некои родители несвесно ја користат вината како начин да се справат со осаменоста, па повиците стануваат објаснување „зошто не нè посетуваш“. Ова краткорочно функционира, но долгорочно создава уште поголема оддалеченост.

Се чувствуваат постојано осудувани

Кога изборите на возрасното дете не се совпаѓаат со очекувањата на родителите, разговорите лесно се претвораат во проценка и осуда. Тоа создава сомнеж и притисок да живеат живот што не е нивни.

Никогаш немаат простор да зборуваат за себе

Родители кои се јавуваат само кога нешто им треба оставаат чувство дека нивните деца се невидени. Ако никој не прашува „Како си?“, секој повик станува тежок и непријатен.

Родителите не ги почитуваат нивните граници

Иако врската е важна, без почитување на границите разговорите стануваат напнати. Затоа многу возрасни деца избегнуваат ненадејни повици кои им внесуваат притисок.

Им треба време ментално да се подготват

Некои возрасни деца мора да се стабилизираат емоционално пред разговор за да не се чувствуваат нападнато или недоволно слушнато. Ненадејните повици лесно им го уништуваат денот.

Родителите постојано се негативни

Постојаната негативност, поплаки или префрлување вина е емоционално исцрпувачко. Затоа овие разговори стануваат товар што го избегнуваат.

Никогаш не се чувствуваат дека се доволни

Ако цел живот се бореле за родителска потврда, секој повик може да го отвори старото чувство на недоволност. Ова ги тера да го штитат својот мир и да избегнуваат непријатни контакти.

Извор

Поврзани написи

To top