Врската помеѓу таткото и ќерката е посебна, а според некои верувања, најстарата ќерка често е „огледало“ на својот татко не само по изглед, туку и по карактер.
Според нумеролошките толкувања, првото дете, особено ако е девојче, ја апсорбира енергијата на таткото, кој е првиот маж во нејзиниот живот. Неговиот карактер станува модел за нејзиното однесување, а многу од неговите особини таа несвесно ги презема.
Кои карактеристики најчесто се пренесуваат?
Упорност – Ако таткото е решителен и сака работите да бидат по негово, големи се шансите и ќерката да ја има истата решителност.

Смисла за хумор – Начинот на кој тој се шегува, реагира на проблемите и дури и интонацијата во говорот често се пренесуваат на неа.
Однос кон парите – Ако таткото штеди, таа може да ја наследи таа навика; ако тој презема финансиски ризици, можно е и таа да има слична храброст.
Вкус и навики – Љубовта кон одреден вид музика, храна или хобија може да премине директно од татко на ќерка.
Иако не се работи секогаш за чисто генетско наследство, влијанието на таткото преку воспитување, личен пример и секојдневно однесување игра голема улога во тоа каква личност ќе стане неговата најстара ќерка.