Не се сите деца родени или пораснати во исти услови. Постојат деца кои растат со еден родител, во богати и сиромашни семејства, во урбани или рурални средини. Сепак, тоа не значи дека не постојат детски потреби кои се универзални и кои ги има секое дете. Имајќи го тоа на ум, едно истражување покажува што ѝ треба на ќерката од таткото, што му треба на синот од мајката, што на ќерката од мајката и што му треба на синот од неговиот татко.

Потребен е стабилен татко и добар пример и татко кој го почитува законот

Како и со многу други однесувања, вклучително и оние што запаѓаат во криминални и незаконски активности, правилото е дека крушата под круша паѓа. Според лонгитудинално истражување кое траело со години и опфатило илјадници татковци и нивните синови, откриено е дека мажите кои го прекршуваат законот многу често имаат татковци што го правеле или го прават истото. Веројатноста е толку голема што само 4 отсто од синовите чии татковци не го прекршиле законот биле осудени за повеќе од едно кривично дело. Од друга страна, дури 40 отсто од синовите чии татковци го прекршиле законот се осудени на повеќе од едно кривично дело.

Секако, кога ќе се земе предвид дека околу половина од синовите чии татковци го прекршиле законот никогаш не го прават тоа, јасно е дека влијанието на таткото е големо, но не и пресудно. Има многу други фактори, иако сигурно постои поврзаност.

„Оној“ разговор

Се разбира, секој возрасен на кого детето му верува може да го води тој разговор на соодветна возраст. А во семејствата каде што е присутен таткото, тој е тој што најчесто зборува за секс со синот. Но, истражувањата покажуваат дека татковците многу често не чувствуваат дека се доволно добри во тоа или дека ќе можат да се справат со тешки теми.

И додека на мајките им е сосема добро да разговараат за секс и заштита со своите синови, можеби е подобро тоа да го прават татковците.

Време

Добро е познато и несомнено е дека позитивните родителски ставови и тактики ги штитат децата од однесувања како што се агресија, непослушност, но и анксиозност, депресија и нарушувања во однесувањето.

Во едно неодамнешно истражување се покажа дека татковците кои често спортуваат со своите синови, заедно пазарат, готват, гледаат телевизија, ретко имаат деца кои ги покажуваат горенаведените симптоми. Интересно е што моќта на татковците да ги заштитат децата од проблеми и нарушувања во однесувањето е поголема во однос на синовите отколку ќерките.

Топлина, внимание, нежност

Живееме на Балканот, но сепак во 21 век. Затоа, се надеваме дека на татковците нема потреба посебно да им се објаснува колку е важно да бидат топли и нежни кон своите синови. Но, ако ви треба поголема мотивација, еве неколку емпириски докази: децата на татковците кои се однесувале со нив со грижа и нежност постигнале значително подобри резултати на тестовите за когнитивните способности.

Извор



912

X